Крај на можноста Иванов да даде амнестија за 27 април
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2019
Со врачувањето на уверението од страна на Државната изборна комисија до новоизбраниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, заврши можноста досегашниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов да посегне по амнестија за осудените и осомничените од крвавите настани во Собранието на 27 април.
Денеска завршија и индиректните потсетувања кои пристигнуваа на адреса на Иванов, а откако не беше испратен сигна дека ќе има помилување тој беше нападнат од опозициските кругови дека од една страна прифатил да не дава амнестија, а за возврат за тоа да не биде гонет. Истовремено од СЛужбата за општи и заеднички работи веднаш бил известен по неговото барање дека по завршувањето на неговата функција ќе добие канцеларија и пензија од 100.000 денари месечно.
Медиумите блиски до поранешниот премиер Никола Груевски до вчера го „советуваа“ претседателот да им даде аболиција на осудените. Според нив, Иванов бил заплашен и уценет, поради што „ќе ги остави на цедило сите луѓе кои се под политички прогон“.