КОВИД 19: Колку заразени се задржани на Инфективната клиника?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Април, 2020
На Инфективната клиника во Скопје, до утрово се примени 10 нови пациенти, со што сега се хоспитализирани вкупно 70.
Од нив осум се пациенти на механичка вентилација, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
„Вкупно 10 се со потешка клиничка слика, другите се со средно тешка клиничка слика, односно манифестација на болеста“, соопшти Филипче.
Во болницата ГОБ „8-ми Септември“, вчера се примени четири пациенти за коишто се чека резултатот да стигне во текот на денешниот ден.
Денеска беше соопштено за три нови жртви.