15 Мај, 2024
0.0321

КОВАЧЕВСКИ: ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ ДО 2030 ГОДИНА, нема алтернатива за ЕУ

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Владата донесе одлука за воспоставување структура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, информира премиерот Димитар Ковачевски.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе биде главниот преговарач, а во тимот ќе учествуваат и домашни експерти, државни службеници и стручни лица надвор од институциите, како странски експерти.

Ковачевски верува дека институциите имаат капацитет за преговори со ЕУ и очекува квалитетна и ефикасна структура што ќе се носи со предизвиците. Најави дека целиот процес ќе биде инклузивен и транспарентен процес. Тој упати апел за општествен консензус за постигнување на напредок кон ЕУ, како и повик до опозицијата да учествува, да го поддржи и помогне процесот.

– Преговорите треба да се одвиваат со забрзана динамика и што побрзо да се затворат. Завршување на преговорите до 2030 година е цел која е достижна - рече Ковачевски.

Очекува Северна Македонија да се приклучи на ЕУ при следното проширување и да стане дел од Унијата со заштита на државните интереси.

– На 19 јули кога ги почнавме преговорите свртевме нова страница во историјата, покажавме дека носиме државнички одлуки за напредок на државата. Со меѓувладината конференција е потврдена стратешката заложба за евро и евроатлантска интеграција. Владата е посветена европските реформи. Нема алтернатива за ЕУ, тоа е нашата стратешка цел - рече премиерот Ковачевски на заедничката прес-конференција во Владата со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното