05 Мај, 2024
0.0256

Ковачевски: Прва меѓувладина конференција со ЕУ во догледен период

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски по потпишувањето на меморандумите на работните групи во рамки на меѓувладината седница со членовите на бугарската влада рече дека се поставени и конкренти рокови во соработката, а еден од нив е во догледно време да има и прва меѓувладина конференција со ЕУ. 

Со оваа изјава Ковачевски на заедничката попладневна прес-конференција со бугарскиот премиер Кирил Петков алудираше на тоа дека извесно е тргнувањети на блокадата од страна на Бугарија со што ќе се отвори патот за добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Тој рече дека, како и на минатонеделната средба во Скопје, и во Софија се отвориле политички теми, но сепак дека  доминирале оние кои ги опфаќаат работните групи, како што се енергетиката, економијата, трговијата, туризмот, природните науки, образованието итн.

- Во однос на политичките прашања, доминантнио се разговараше за темите кои ги опфаќаат работните групи кои треба да ги дадат резултатите. Овие работни групи работат со рокови. Така, идната недела ќе имаме туристички оператори од Бугарија кои ќе дојдат во Скопје за директната авионска линија која треба да биде пуштена до 1 март. До 2023 треба да се изградат 13 километри пат до Клепало и таму да се направи граничен премин. Во догледен период треба да имаме прва меѓувладина седница со ЕУ, рече Ковачевски.

Тој додаде дека министрите од двете страни работеле на конкретни проекти и идеи, но и дека планот е еднаш неделно да се сретнуваат и секторските експерти. На првите средби ќе бидат вклучени претставници на стопанските комори, образовните институции и културните установи, односно како што рече Ковачевски, луѓе од реалниот сектор.

- Овие меморандуми имаат цел на економски развој, за кои граѓаните ќе почувствуваат мерливи подвбрувања на стандардот. Со оваа енергија брзо ќе го надополниме тоа што го пропуштивме, дополни бугарскиот премиер Петков.



Можеби ќе ве интересира

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне