Ковачевски: Македонија нема резерви на гас
Објавено во: Економија 05 Септември, 2022
Премиерот Димитар Ковачевски денеска при посета на Македонскиот културно-информативен центар во Софија по средбата со бугарскиот претседател Румен Радев рече дека Македонија нема складишта за гас, но дека Бугарија ќе отстапи свои за таа намена.
- Имаме соопштено дека имаме закупени количини во терминалот Александрополис, а додека не се изгради интерконекторот со Грција, нафтен гас ќе добиваме преку Бугарија
Северна Македонија нема складишта за гас. Покрај количините од Александрополис, ќе имаме на располагање и складишта со Бугарија, изјави Ковачевски како одговор на прашањето што се разговарало со претседателот Радев.
Ковачевски не даде конкретен одговор дали ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени согласно францускиот предлог.
- Оние кои што се против во ниту еден момент не кажаа алтернатива, а и кога се гласаше за францускиот предлог свиреа со вувузели, дополни премиерот.
А. К.