19 Мај, 2024
0.0279

Коста Костадинов: 12.000 фирми не можат да исплатата плата за февруари поради ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 25 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, по напуштањето на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница, ја обвини најголемата опозициска партија дека 12.000 фирми неможат да исплатат плата за февруари затоа што не можат да бидат изгласани законите од сетот на економски мерки за помош.

Овие законски предлози беа дел од 36 седница, на која денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, и даде приоритет, пред пратеничките прашања наменети за членовите на Владата. На овој потег опозицијата се налути и ја напушти седницата, по што владеачкото мнозинство остана без кворум.

- Опозицијата три дена глуми наводна загриженост за економијата и граѓаните. Бараат посебна седница за да се донесат законите од петтиот пакет. Денеска таа 36.седница е отворена и целата јавност виде што ВМРО-ДПМНЕ направи. Повторно излегоа од салата, нивниот координатопр бара паузи и ја блокираат работата на парламентот. Се потврди уште еднаш, она што јавноста цело време го гледа - ВМРО-ДПМЕН покажа дека е против интересот на граѓаните, рече Костадинов на брифингот со новинарите во Собранието.

Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во салата, бидејќи тоа е, како што вели гласноговорникот на СДСМ, неодговорност кон државата и граѓаните кои им ги обезбедуваат платите.

- Околу 12.000 фирми немаат исплатено плата за месец февруари затоа што ја чекаат државната помош. Да надвладее разумот и да се откажат од поставување пратенички прашања. Влезете во сала за еднаш заедно да направиме нешто добро, повика Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“