17 Декември, 2025
0.0368

Германските компании нема да инвестираат во Косово?

Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2023 16:03

Добивај вести на Viber

Можно е германските компании да се откажат од инвестиции во Косово. 

Германско-косовската стопанска комора информира дека германските компании би можеле да се откажат од инвестициите во Косово поради актуелните настани во северниот дел на земјата.

„Членовите на германско-косовската стопанска комора се загрижени дека германските компании би можеле да се откажат од своите инвестиции во Косово или да ги прекинат постоечките активности. Вестите за политичка нестабилност значително ја поткопуваат довербата на германските клиенти и инвеститори. Ова има негативно влијание врз германско-косовските економски односи и му штети на Косово како локација за инвестиции и бизнис“, се вели во соопштението на Германско-косовската стопанска комора.

Од властите бараат стабилен политички амбиент. 

Портпаролот на Европската унија (ЕУ) Петер Стано изјави дека одлуката на Брисел да воведе одредени мерки за Косово не е лесна, но дека е неопходна.

„Овие мерки не се нешто што ЕУ го презема лесно, туку мерките беа воведени затоа што досега не сме виделе никакви чекори кон деескалација. Тоа е инструмент што го користиме за да покажеме дека ЕУ е сериозна кога вели дека очекува деескалација и како реакција кога тоа нема да се случи“, рече Стано.

Инаку, вчера Србија уапси три косовски специјалци во централна Србија. Косово бара Србија да ги ослободи. Односите меѓу Србија и Косово се напнати, посебно откако во Звечан имаше немири, затоа што Србите не ги прифаќаат за легитимни градоначалниците Албанци, бидејќи српското население ги бојкотираше изборите. Србите бараат формирање на Заедница на српски општини (ЗСО), обврска која Косово не сака да ја исполни повеќе од 10 години. 

foto freepik.com/Allexxandar

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата