14 Декември, 2025
0.0316

Косовската полиција излезе со став за инцидентот на Газивода

Објавено во: Балкан 11 Декември, 2022 16:16

Добивај вести на Viber

Косовската полиција објави демант за настанот кај Газивода.

Велат дека не е вистина дека уапсиле едно лице од српската заедница, го малтретирале и дека ги окупирале тамошните објекти. Додаваат дека тоа лице откако било легитимирано, без проблем продолжило по својот пат.

„Косовската полиција со своите единици е стационирана на главниот пат кој води во правец на граничниот пункт Брњак, не е лоциран во некоја конкретна зграда и нема лице кое малтретирало или вработило лице, како што пишуваат медиумите, туку само легитимирано лице кое снимало на телефон на таа локација“, велат од косовската полиција. 

Директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ изјави дека го информирал специјалниот пратеник за дијалог Мирослав Лајчак за „упадот на специјалците на Курти на Газиводa“. Тој тврдеше дека на чуварот му ги земале клучевите и дека кинеле српски знамиња. 

ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС, косовските Срби веднаш да ги отстранат барикадите, вели шефот на европската дипломатија, Жореп Борел. 

„Мирот мора да се врати. ЕУЛЕКС ќе продолжи да се координира со косовските власти и КФОР. Сите актери мора да избегнат ескалација“, напиша Борел на Твитер

Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ ги повика сите страни во актуелната ситуација на северот на Косово на мир и воздржаност. Тој рече луѓето да бидат мирни, затоа што се работи за измислени обвиненија. 

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството