Косово има план за опремување со нови хеликоптери
Објавено во: Балкан 18 Април, 2017
Косовската влада предводена од премиерот Иса Мустафа планира да набави нови хеликоптери кои ќе ги користат безбедносните институции и служби.
Косовскиот премиер Иса Мустафа денеска именуваше меѓуминистерска комисија која треба да создаде услови за купување на хеликоптери.
Во соопштението на косовската Влада се истакнува дека е неопходно да се опремат косовските институции со хеликоптери, кои ќе треба да се соочат со вонредни или други ситуации.