Косовци планирале терористички напади - кого требало да убијат?
Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2017
На Косово вчера се обвинети девет лица за планирање терористички напади, меѓу другото и на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Албанија и Израел лани.
Тие се дел од групата од 19 луѓе уапсени во акција на Косово и Албанија пред овој натпревар во минатиот ноември.
„Осомничените се обвинети за планирање терористички напад врз фудбалерите и навивачите од Израел“- стои во соопштението на косовското обвинителство.
Се смета дека овие лица имале врски со групата „Исламска држава“.
Обвинителот изјави дека обвинетите биле во контакт со Лавдрим Мухаџери, член на „Исламската држава“ и самопрогласен „командант на Албанците во Сирија и во Ирак“, кој го наредил нападот. Минатата недела, Мухаџери загинал во Сирија, а тоа го потврди и неговото семејство.