14 Мај, 2024
0.0265

KOЅИАС НЕ ПОПУШТА: Новата влада имала пријатески тон, но тие не отстапуваат

Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Грчкиот министер за надворешни работи,  Никос Коѕиас не го менува ставот дека Македонија ќе стане дел од НАТО само откако ќе се реши спорот за името.

Јужниот сосед не го менува ставот за приемот на Македонија во НАТО и ЕУ и покрај притисоците што се очекуваат од Европа за ова прашање.

Коѕиас вчера во говор во Кожани на настан организиран од неговото политичко движење „Прато“ на само три дена пред средбата со новиот македонски колега,  Никола Димитров индиректно порача дека грчката Влада не отстапува од своите ставови и нема да потклекне под притисоци за прием на Македонија во НАТО под времената референца, како што интензивно периодов се слуша од различни политички и медиумски извори и во двете држави.

„Сега кога работите се стабилизираа повторно ќе дојдат некои (европски политичари) и ќе кажат: ‘За да ја стабилизираме дополнително државата да  ја внесеме во НАТО и ЕУ?’. Ние немаме ништо против, но треба тие да ги одржат нивните обврски, што значи дека треба да престанат со иредентизам и да направат компромис во спорот за името“- изјави Коѕиас во Кожани.

Вели дека е рано да се зборува дали двете држави се поблиску до решение за името. 

„Во среда доаѓа министерот за надворешни работи на БЈРМ за да дискутираме за тоа како можеме да ги развиеме нашите врски, имаме предлози за дополнителни мерки за градење доверба и да дискутираме за тоа како може да разговараме за спорот за името. Нема да зборуваме за името, туку ќе зборуваме за методот“- кажа  Коѕиас.

Според Коѕиас, новите изјави на македонската влада кон Грција имаат пријателски тон, но од разговорите ќе се процени дали тој е суштински, или пак е само обид да се олеснат работите бидејќи македонската влада смета дека без промена на името може да влезе во меѓународните организации.

Коѕиас додаде дека македонските политичари мора да ги прифатат европските вредности и да покажат култура на компромис.

Коѕиас вели дека Грција сака Македонија да биде стабилна и поради тоа и работи на мерки за градење на доверба со неа. Доколку Македонија не е стабилна, истакна дека некои други соседни држави би можеле да предизвикаат дополнители проблеми и дестабилизација во регионот.

Можеби ќе ве интересира

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни