02 Мај, 2024
0.0273

КОШМАР ЗА СЕКОЈ МЕНАЏЕР: Ова е причината поради која најдобриот работник си дава отказ

Објавено во: Финансии 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Вработен што го сакате, што е исклучителен во неговата или нејзината работа само што си поднел оставка, навидум од ведро небо. Кога ќе побарате одговор од вработениот за она што сте можеле да го направите за да го спречите или да го направите посреќен, тие немаат добар одговор. Нудат некаква форма на "не е до вас, до мене е", таа ужасна фраза за раскинување која луѓето ја користат за да го ублажат ударот, но сите приматели знаат дека е с***е.

Мајкл Лоп е автор на неколку книги за менаџмент и има надгледувано тимови од софтверски инженери. Лоп неодамна има напишано одлична статија на неговиот блог, Rands in Repose, која јасно кажува зошто тој надобар вработен (star employee) не сакал да остане.

Работникот го спуштил долу неговиот или нејзиниот "штит" и отишол на интервју на некое друго место, бидејќи, откако потсвесно си поставиле на самите себе сет на прашања во врска со нивната тековна работа, тие сфатиле дека можеби можат да бидат посреќни.

Според Лоп, неколку од тие размислувања се:

  • Дали сум среќен со мојата работа?

  • Дали ми се допаѓа мојот менаџер? Мојот тим?

  • Дали овој проект на кој работам ме исполнува?

  • Дали учам?

  • Дали сум почитуван?

  • Дали растам?

  • Дали сметам дека сум соодветно компензиран?

  • Дали оваа компанија/тим оди некаде?

  • Дали верувам во визијата?

  • Дали им верувам на лидерите?

И, доколку тој најдобар вработен го спушти неговиот или нејзиниот штит (како што Лоп го нарекува) и си даде оставка, вие како менаџер треба да сфатите дека сте зезнале, дури и ако вашиот вработен кој ја дава оставката го негира тоа.

"Кога прашувам, кога копам, обично наоѓам повреда на основни вредности која се вкопала, залепила и загноила", пишува Лоп. "Понекогаш тоа е повреда на големи вредности од пред неколку месеци. Понекогаш тоа е мала повреда која се случила во најлошото можно време. Во секој случај, вашите очекувања за вашата компанија и вашата работа не биле исполнети и кога ќе се соочите со можност на друго место, се ангажирате."

Тогаш како да задржите добар вработен од потрага по тоа да види дали тревата е позелена на друго место?

Лоп нема јасен одговор. Но, тој нагласува дека постојана комуникација со вработените е клучен фактор. Исто така, продолжете да им давате на вашите вработени нови, возбудливи предизвици за справување за да не се досадуваат. Но, најважно од се, менаџерите треба да препознаат дека се што прават и секоја одлука што ја носат ултимативно може да стане причината поради која најдобриот работник ќе одбере да остане или да си оди.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција