Коронавирусот веројатно имал уште едно животно домаќин како посредник
Објавено во: Свет, Корона Вирус 04 Август, 2020 21:31
Светската здравствена организација (СЗО), тврди дека коронавирусот, најверојатно, потекнува од лилјаци и дека веројатно имал уште едно животно домаќин како посредник.
Резултатите од истрагата на СЗО ги очекуваат научниците и владите ширум светот, пренесува Ројтерс.
„Тимот разговараше со кинески колеги и доби информации за епидемиолошки студии, биолошки и генетски анализи и ветеринарни истражувања“, рече портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер.
Тој додаде дека имало и видео разговори со вирусолози и научници од градот Вухан.
Официјалниот претставник на СЗО, Мајк Рајан, изјави вчера дека можни се изненадувања.
„Фактот дека алармот се исклучи во Вухан не значи дека инфекцијата тука преминала од животните на луѓето“, рече тој.
Во светот има 18.4 милиони заразени од коронавирусот.Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




