КОРОНАВИРУС: Се почнало од пазарот во Вухан
Објавено во: Свет, Корона Вирус 08 Мај, 2020
Пазарот во Вухан имал улога во предизвикувањето на епидемијата со коронавирусот.
Ова го објави денес Светската здравствена организација повикувајќи се на повеќе истражувања.
„Пазарот имал улога во настанот, тоа е јасно, но каква точно улога – не знаеме. Дали станува збор за извор или засилувачки ефект или само случајност што некои заразени потекнуваат од или околу тој пазар“, вели доктор Питер Бен Ембарек, експерт на СЗО за безбедност на храна и вируси што минуваат од животни на луѓе, објави „Ројтерс“.
Не е јасно дали живи животни или заразени доставувачи и клиенти го донеле вирусот на пазарот.
Вирусот во Вухан се појави лани. Градот помина низ тешки денови и беше жариште на вирусот.
Американскиот претседател Доналд Трамп, упати нови обвинувања до Кина нагласувачки дека новиот вирус можел да биде стопиран кај првичниот извор, во Кина.Во САД се појавија тврдења дека вирусот е произведен во лабараторија.