Нови 12 инфицирани со коронавирус, бројот во земјава достигна 148
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Март, 2020
Во последните 24 часа се регистрирани 12 нови пациенти на коронавирус во земјата. Седум од пациентите се во Скопје, а 5 во Куманово, информира Министерството за здравство.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (88)
– Дебар (40) – од кои 1 починат
– Куманово (8) – од кои 1 починат
– Штип (7)
– Кавадарци (2)
– Охрид (2)
– Гостивар (1)