18 Мај, 2024
0.0270

Короната не го запре „Макпетрол“! Колкава добивка направи најголемиот трговец на мало со дизел и бензини?

Објавено во: Економија 20 Август, 2020

Добивај вести на Viber

„Макпетрол“ ја покажа својата конзистентност во најтешко време. И покрај тоа што короната го блокира или редуцира патниот транспорт и ги суспендира комерцијалните летови, компанијата прокнижи добивка од 1,5 милиони евра која во вакви услови вреди многу. „Макпетрол“ на домашниот пазар изгуби 20 отсто од приходите за ова полугодие, но и покрај тоа ги зголеми трошоците за своите вработени за 12 отсто до 9,4 милиони евра

Многу охрабрувачки вести за акционерите на „Макпетрол“, а воедно и општо за инвеститорите на берзата. Сепак изгледа дека најлошото помина и дека има светло на крајот од корона-тунелот иако битката ќе биде макотрпна и долга.

Најголемата македонска компанија за трговија на мало со нафтени деривати „Макпетрол“ за првите шест месеци заврши со профит од 1,5 милиони евра. Иако оваа добивка е само 24 отсто од ланскиот профит за истиот период е повредна (од морален аспект). Затоа што компанијата беше нај директно изложена на негативното влијание од корона пандемијата која удри како гром во туризмот и во транспортот – дејноста од која „Макпетрол“ остварува приходи затоа што продава деривати за задвижување на моторите на сите превозни и транспортни патни возила, а и на воздухопловите.

Вкупно за првото полугодие приходот од продажба е 128,2 милиони евра и тој е помал за 23 отсто од истиот период лани. Клучниот удар доаѓа во вториот квартал. Приходот на „Макпетрол“ под влијание на сите негативни корона ефекти и вонредната состојба паѓа до 50 милиони евра, а лани во исто време бил 92,3 милиони евра. Од друга страна пак, компанијата годинава ја почнала одлично затоа што во првиот квартал успеала да оствари приход од 80 милиони евра што е за 1,9 милиони евра подобар резултат од првите три месеци во 2019 година. Подетално информациите се достапни во новото многу прегледно и содржајно Образложение кон финансиските извештаи кое „Макпетрол“ го доставил до Македонската берза и е јавно достапно на СЕИ НЕТ.
Значајно е да се истакне дека голем удар, очекувано, врз приходите има продажбата на млазното гориво заради мерките со кои беа приземјени комерцијалните авионски летови ширум светот, во земјава и во нашето опкружување. Токму заради тоа приходите на „Макпетрол“ се намалија драстично од 9,5 милиони евра лани до 3,2 милиони евра годинава што е пад за 65 отсто.

Но и покрај негативните ефекти компанијата успеала да оствари оперативна добивка од 770.000 евра што е само една четвртина од оперативната добивка во истиот период лани. Многу значајно за истакнување е тоа што во ова тешко време за пазарно делување „Макпетрол“ ги зголемил трошоците (а со тоа и грижата за своите вработени). Така за првите шест месеци за своите вработени „Макпетрол“ исплатил 9,4 милиони евра што е за 12 отсто повеќе од истиот период лани.

Благодарејќи на позитивната разлика меѓу финансиските приходи и финансиските расходи на компанијата (околу 700.000 евра) „Макпетрол“ доаѓа до нето добивка по оданочување во износ од 1,46 милиони евра.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра