КОРОНА ВИРУСОТ ЌЕ СТАНЕ ЕНДЕМСКА БОЛЕСТ: Ковид-19 нема да исчезне никогаш
Објавено во: Свет 14 Мај, 2020
Новиот корона вирус никогаш нема да исчезне, предупредува Светската здравствена организација, нагласувајќи дека тој ќе остане присутен меѓу лужето, дури и да се и да се развие вакцината против Ковид-19.
Според директорот за кризни состојби при СЗО, Мајк Рајан, контролирањето на корона вирусот ќе претставува вистинска потешкотија.
-Важно е да се каже дека вирусот би можел да стане уште една ендемска болест во некои заедници и како таков, никогаш нема да исчезне. ХИВ исто така никогаш не исчезна, но успеавме да се справиме со него. Никој не може да предвиди кога болеста ќе ја снема, изјави Рајан.
Инаку, во овој период огромен број фармацевтски компании се обидуваат да развијат повеќе од 100 вакцини против вирусот.
Од почетокот на пандемијата до сега, во светот се заразиле повеќе од 4 милиони луѓе, а починаа 300 илјади.