17 Мај, 2024
0.0307

КОРОНА ВИРУСОТ Е „ПОЖИЛАВ“ ОТКОЛКУ ШТО МИСЛЕВМЕ: Епидемиологот Стојанов оценува-мерките треба уште малку да останат на сила

Објавено во: Македонија 15 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Дел од земјите во Европа целосно ги укинаа анти ковид мерките, дел постепено ги релаксираат. Некои најавија дека наскоро ќе стават крај на рестрикцииите следејќи ги насоките на светските експерти дека корона вирусот полека ја губи силата и би можело да се стави крај на пандемијата. Генерално, бројот на новозаразени со Ковид-19 на глобално ниво се намалува, а слична ситуација имаме и во Македонија, односно бројките полека се намалуваат и нема притисок во болниците за хоспитализација на нови пациенти. Но,земјата официјално се уште е во жолтата фаза, а според здравствените власти, за целосно укинување на мерките потребно е да бидеме во многу сигурна зелена зона. Сосема ист став дели и епидемиологот, д-р Александар Стојанов кој за Фактор вели дека изминатото двегодишно искуство од пандемијата покажува дека непредвидливоста на вирусоит придонесе до милиони заразени и уште повеќе, до милиони починати поради компликации од Ковид-19.

-Морам да потсетам дека страшна паника се создаваше кога прв пат имавме трицифрена бројка на новозаразени. Психолошкиот праг беше до 100 некаде, а кога се случи да имаме нови случаи потврдени со ковид над 100, па потоа и 200, тогаш сите говореа дека мора нешто да се стори. Голем дел од луѓето и самите си воведуваа рестриктивни мерки, но сведоци сме дека повеќето, пак, и не почитуваа ништо од мерките кои ги носевме, а згора на тоа ниту имавме природен имунитет, ниту пак имаше вакцини. Сега имаме подруга ситуација. Верувам дека на овие бројки кои сега ги имаме на дневна основа практично се навикнавме, но огромен дел од населението болеста ја прележа, а нешто над 40 проценти е и вакцинирано. Реално, во земјава, освен маските, други мерки и нема. Но, лично сметам дека се уште е рано да се каже дека е крај на ковид во Македонија. Земјите во кои опфатот на вакцинација надмина 80, па и 85 порценти, сега повторно имаат висок број на новозаразени. Излегува дека корона вирусот е “пожилав“ отколку што мислевме. Во моментов, од вкупниот број тестирани имаме околу 7-8 проценти позитивни, а за да преминеме кон чекор на целосно ослободување на мерките треба тој процент да дојде под 5, вели д-р Стојанов.

Вели и дека никој засега не може да предвиди уште колку време би траела пандемијата, нагласувајќи дека нови жаришта, нови избувнувања не би требало да има, иако војната во Украина претставува потенцијална опасност не само за корона вирусот, туку и за многу други болести.

-Ова мое мислење го потврди и СЗО. Војната сама по себе носи безброј здравствени ризици. Како може во ек на војна да се спроведува имунизација на пример против морбили, дифтерија, други заразни болести. Ризикот е секако огромен. Згора на тоа и новиот вирус повторно може да ескалира. Станува збор за огромна популација, каде што, колку што прочитав од извештаите, само околу 35 отсто од луѓето се вакцинирани, вели д-р Стојанов.

Инаку, според СЗО, во Украина и соседните земји, бројот на нови случаи е намален во споредба со минатата недела, но експертите предупредуваат дека ниската стапка на вакцинација може да доведе до зголемување на смртните случаи и сериозни болести и во Украина и во земјите со ниска вакцинација, кои примиле поголем број на бегалците. Во првата недела од март во Украина и соседните земји се регистрирани речиси 800.000 нови случаи на инфекција со корона вирусот.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање