16 Мај, 2024
0.0279

Координатор ќе добива поголема плата од министрите во Владата

Објавено во: Економија 22 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Мартин Попов, поранешниот шеф на кабинетот на екс премиерот Димитар Ковачевски, како национален ко- ординатор за следење на реализацијата на програмата на Владата, назначен од јануари, ќе добива поголема плата и од самите министри, по измената на Законот за плата на избрани и именувани лица и одлуката донесена во вторникот за утврдување на коефициентите за пресметување на платата на функционерите.

Иако со последната одлука, останатите 13 национални координатори во Владата ќе добиваат по по 2,87 просечни плати од 2023, Попов е единствениот кој ќе добива 3,4 просечни плати. Познато е, платата на функционерите се формира така што основицата која ја претставува просечната плата во минатата година се множи со коефициентот. Во 2023 година просечната плата беше 36.614 денари. На објавената листа има 157 функционери чија плата треба да биде предизборно намалена.

Тоа значи дека Попов ќе добива околу 2.000 евра месечна нето плата. Со Одлуката се намалуваат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, на директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, на директори и други именувани лица на самостојни органи на државната управа, на раководни лица во управни организации, агенции, фондови и други правни лица основани со посебни закони, на казнено-поправни установи итн.

Претходно, кон крајот на февруари, по шест месеци од првичната најава, во македонскиот парламент беа изгласани законски промени со кои се намалуваат коефицентите со кои се врши пресметување на платите на функционерите во земјава. Премиерот Талат Џафери ќе има 3,92 просечни плати, наместо 4,5. Платата на вицепремиерите се намалува од коефициент 4 на 3,48. Министрите и генералниот секретар на Владата, функција која сега ја извршува Методија Димовски, наместо 3,7 ќе добиваат 3,22 просечни плати како месечен приход, што би изнесувало нешто помалку од 2.000 евра.

Поголема плата од министрите ќе добива и директорот на Агенцијата за национална безбедност, на чие чело сега е Зарко Милошевски, а неговата (3,48), според основната проекција треба да изнесува најмалку 2.100 евра. Тука се и членовите на Инспекцискиот совет (3.4). Добро платен (околу 1.900 евра) и натаму ќе биде прилично непознатата функција на „главен ревизор на телото за ревизија на инструментот за претпристапна помош“, што алудира на контрола на парите кои ги добиваме од ЕУ.

Високи плати и натаму ќе добиваат директорот и заменик-директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот (3,13 и 3,05). Тоа значи дека соседите од Студеничани - Зулфи Адили и Сами Рушиди ќе имаат плати од околу 1.900 евра. На истото ниво е и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (Јован Деспотовски).

Со донесената одлука, која веќе е објавена во Службен весник, од директорите на органите во рамки на министерствата, најмногу ќе добиваат оние кои ја водат Управата за јавни приходи, Финансиска полиција, Царинската управа, Бирото за јавни набавки, Бирото за јавна безбедност и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам - околу 105.000 денари.

Истата висина на плата со коефициент 2,87 ќе ја добиваат директорите на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Центарот за управување со кризи, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Агенцијата за стоковни резерви, Агенцијата за лекови. Толку платен ќе биде и првиот човек на Агенцијата за нафтени резерви и на претседателот на телото за испитување на воздухопловни несреќи и инциденти.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно