19 Мај, 2024
0.0308

Контранапад со спинувана економија

Објавено во: Економија, Колумни 16 Март, 2015

Добивај вести на Viber

И додека одекнуваат детонациите од бомбите на Заев кои наметнуваат брза политичка разврска на најголемата афера во земјата досега, најодговорната „тројка“ за состојбите во економијата  (премиерот, министерот за финансии и гувернерот на НБРМ) координирано стапија во контранапад. Концептот е, да се зборува она што нарадот сака да го слушне независно од тоа дали им се кажува целата вистина. Битно е денот да помине со чувство дека работите се движат напред, а не колку е тоа реално. Целта е да се убедат луѓето дека се си е нормално и дека и покрај  објавените скандали ништо да не се променило во земјата. Власта сака да покаже дека може непречено да продолжи да го врви мандатот добиен и со незамисливи за нормален човечки ум, изборни лажирања и незаконски постапки и однесувања на врвните носители на власта. Премиерот се чини прв го започна пропагандното спинување на одделни полувистини од економските остварувања, со намера  да докаже дека влијанието на скандалот со прислушувањето  не ги загрозува економските текови, па заради тоа нема потреба од изнудување на морална и политичка одговорност. На сите ѕвона најави дека стапката на невработеност денеска е на најниско ниво  (27,6%) во последниве десеттина години и дека за неговите мандати бројот на вработените пораснал за 120.000 работници. Притоа, воопшто не се споменува дека голем дел од нив  се формално правно вработени, а немаат работа, а дел се вработени во непроизводниот сектор и не продуцираат нови вредности. Вработувања се регистрираат во ТИРЗ-овите, но таму е „више дара него масла“. За да ни ја платат ефтината работна сила незнаеме уште какви се овластувања да им дадеме на странските инвеститори, а тоа чини многу пари, а тие пари никој не ги споменува. Исто така, вработувањето за рејтингшки поени удира и во својот плафон. Непродуктивното вработување води кон намалување на продуктивноста на трудот.  Во три од изминатите пет години продуктивноста е намалувана во однос на претходната година, а само во две се бележи пораст, но тој не го надоместува падот од претходната година. А со падот на продуктивноста опаѓа и конкурентноста. Како што тргнала власта, многу е реално да ни се случи за последиците од  ваквиот развој да биде виновна опозицијата која „фрла бомби“ и бара враќање на слободата и демокртатијата, а не тие кои треба да си заминат поради тоа што за лични и групни интереси ја партизираа и узурпираа државата и извршија бројни незаконитости. Како силна контрабомба требаше да одекне информацијата на министерот Ставревски  според која економијата лани порасна за 3,8%. Тоа е резултат над прогнозите на владата и „втор најдобар резултат во Европа“, а изрази и уверување дека постојат сите услови економијата да расте и во наредниот период. Оваа информација е спинувана како знак дека владините политики даваат добри резултати. Но, не се кажува во однос на што се добри резултатите. За неразвиена земја каква што е нашата, споредбата со земјите во Европа кои се борат со должничката криза и дефлација на стопанските текови не е соодветна. Зошто не се споредуваме со земји кои и покрај економската криза на развиените економии остваруваат подинамичен раст од нашиот и со помалку странски долгови. Зошто  не се каже дека остварената стапка е далеку од потребната да почне да се намалува јазот во развиеноста на земјата спрема европските земји. Зошто се толкави осцилациите во растот. Дури и минатогдишниот раст на БДП е со надолен тренд. Во вториот квартал од годината стапката на раст изнесуваше 4,7%, во третиот се намали на 4,3%, а во четвртиот квартал падна на 2,7%. Во овој контекст очекувањето на подобри резултати е фраза. Уште повеќе ако се има предвид дека индустриското производство во јануари порасна само за 1,1%  во однос на истиот месец од претходната година (просечната ланска стапка изнесуваше 4,8%); обемот на трговската размена е помал за 5%, внатрешната трговија е помала за 1,7% и тн. Светла точка е градежништвото, но нема со години да градиме автопатишта и железничка инфраструктура. Спинувањето на тековни информации е ризично, но ризикот го превземаат функционерите со цел да се одбранат, ако и понатаму тоа е возможно, со оглед на фактот дека состојбите во економскиот развој се влошуваат. Меѓутоа, кога, со намера за одбрана на власта,  Гувернерот ги спинува  долгогодишните факти  ( „имаме макроекономска  стабилност, стабилен девизен курс, стабилност на банкарскиот сектор, економски раст“) тој презема поголема одговорност со тоа што се залага за одржување на статус кво. Точни се фактите, меѓутоа, Гувернерот не треба да си дозволи истите да ги толкува како тие да цел сами за себе. На Гувернерот му е повеќе од јасно дека ваквите параметри ни од далеку не резултираат во задоволителни развојни резултати. Гувернерот може да биде задоволен за резултатите што ги остварува банката, но не може да биде незаинтересиран зошто нејзините остварувања (особено, стабилноста на цените и курсот на денарот) не  ги изнудуваат очекуваните ефекти за пораст на продуктивноста и економичноста во работењето на домашните фирми. Во овој контекст не може да ги оправдува  носителите на економската политика за долгогодишниот период на ниски стапки на раст, за порастот на нееднаквоста, за бавното преструктурирање на домашното стопанство, за стабилноста и растот во мизерија, за стабилноста без перспективи. Кохабитацијата на макроекономската политика и на банката на сметка на народот мора да престане. Вината е или кај едните или кај другите, а веројатно кај двете страни, бидејќи во долг период не успеаја да изградат ефикасна извозно ориентирана развојна стратегија. Во склоп на споменатото спинување  клучна улога треба да одигра и вчерашниот митинг на партијата на власт. Големиот број присутни и вербално манифестираното единство треба да им го врати легитимитетот на учесниците во криминалното подземје на власта. Меѓутоа, тоа е веќе прочитано. Запрепастувачки е само тоа што најодговорните за аферата со прислушување се‘уште сметаат дека можат да се спасат од повлекувањето на морална и политичка  одговорност за направените незаконитости,  скривајќи се зад колективната поддршка. Забораваат дека  нема систем што може да го „свари“ тоа. Белким не сме дотука тоа да ни се случи, гревовите за лудостите на поединци да ги сноси членството на една партија.  Што е виновно обичното членство  на партијата за забегувањата на најодговорните? Или уште полошо, зошто да страда целиот народ поради неспособноста и неодговорноста  на носителите на власта. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа