18 Мај, 2024
0.1302

КОНЕЧНО ОБЈАВЕН И ИМОТНИОТ ЛИСТ НА СЛАВИЦА ГРКОВСКА - вицепремиерката има стан во Скопје, накит, кредит, а еве и каква е состојбата на штедните книшки

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Поминаа дури девет месеци откако е избрана на престижната владина позиција вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење, а дури деновиве на веб страницата е објавен имотниот лист на владината потпретседателка Славица Грковска.

Што поседува вицепремиерката?

Ако се погледне нејзиниот анкетен лист, во кој се објавени дури и најминималните имоти што таа ги поседува, може да се види дека Грковска располага со еден стан во Скопје, а има и земјоделско земјиште, балкон, но и помошни простории. Интересно е дека Грковска поседува и благородни метали, уметнички и колекционерски предмети, а има и една судска пресуда во нејзина корист. Таа има и трансакциски сметки, девизни и денарски штедни книшки, но, има и долгови, односно една кредитна картичка, како и еден кредит.

Грковска се што навела во имотниот лист е нејзин личен имот, со исклучок само на една трансакциска сметка, за која е наведено дека е имот на нејзините родители.

Да одиме со ред со каков имот располага вицепремиерката која е ангажирана на политики за добро владеење, додека претходно таа функција се викаше вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, и ја вршеше сегашниот министер за земјоделство Љупчо Николовски.

Од повредниот имот на Грковска може да се издвои еден стан од 52 метри квадратни во Скопје, за кој е наведено дека датира од 2007 година. Овој стан е купен, односно како што е наведено во имотниот лист, е стекнат со договор за купопродажба. Станот вреди 4,9 милиони денари, што е рамно на 80 илјади евра.

Интересно е што Грковска навела дека поседува балкон од два метри квадратни во Скопје, стекнат со договор за купопродажба, а за кој вредноста не е наведена. Балконот е личен имот, а личен имот е и земјоделското земјиште во Куманово од 675 метри квадратни, од 2016 година, стекнато со договор за подарок, и чија вредност не е наведена.

Во Скопје, пак, Грковска поседува и помошни простории од 8 метри квадратни, исто така купени односно стекнати со договор за купопродажба, а нивната вредност не е наведена.

Стекнати со договор за купопродажба се и нејзините благородни метали, односно накитот, како и уметничките слики, од кои и двете колекции вредат по 124 илјади денари, односно по 2.000 евра или вкупно 4.000 евра, а и едните и другите се стекнати со договор за купопродажба.

Грковска како личен имот навела дека поседува и судска пресуда во нејзина корист од 2016 година, на сума од 115.797 денари или околу 1.900 евра.

За трансакциската сметка која е единствената која е имот на родители, не е наведено на кој износ е таа сметка.

Таа има две девизни книшки и тоа едната и тоа на едната штеди евра на сума од 20.400 евра, додека, пак, интересно е што втората и е на британски фунти, иако станува збор за помала сума од 568 фунти. Има и книшка во долари, и тоа 638 долари.

Вицепремиерката за добро владеење поседува и денарска книшка и тоа на сума од 3,7 милиони денари, што би било рамно на 60.500 евра.

Има и една трансакциска сметка од 889 илјади денари.

Грковска има и долгови. Во нејзиниот имотен лис се наведени кредитна картичка од 120 илјади денари, а таа има и кредит од 9.000 евра.

Фактор своевремено ја праша Антикорупциската комисија зошто толку доцни со објавувањето на имотот на Грковска, а оттаму ни рекоа дека причина е слабиот капацитет со кадар на оваа институција, додека, пак, самата Грковска во интеррвју ни изјави дека таа навреме и согласно законските рокови ги испратила до ДКСК податоците за имотната состојба.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци