19 Мај, 2024
0.0270

Конечно е објавен податокот: Колку странски инвестиции влегле годинава?

Објавено во: Економија 31 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Вкупно 235 милиони евра вредат странските директни инвестиции кои влегле во земјава во првите три месеци годинава. Бројките покажуваат дека во јануари, февруари и март годинава влегол поголем странски капитал отколку во целата мината година кога како странски директни инвестиции беа впишани 227 милиони евра. Од оваа година Народната банка ги објавува податоците за странските директни инвестиции на квартално ниво, па така ова е прв податок за странскиот капитал годинава. Претходно, во минатите години, податоците беа месечни.

Ако се анализира по месеци пак, годинава најголем странски капитал влегол во февруари кога странските директни инвестиции изнесуваат 102,5 милиони евра. Во јануари се 65,5 милиони евра, додека во март биле безмалку 67 милиони евра.

Сумата за странските директни инвестиции во првиот квартал ветува дека ова може да биде добра година ако се анализира по вредноста на влезениот странски капитал. Сепак сумите зависат и од временски флуктуации, односно да бидат различни во различна сезона.

По години, во 2017 година влегле вкупно 227,5 милиони евра. Претходна 2016 година странските директни инвестиции изнесуваат 338 милиони евра, додека во 2015 година се само 216 милиони евра. Во 2014 година странските директни инвестиции се само 2015 милиони евра.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа