КОНЦЕРТНО - СПОРТСКИ САЛИ СЕ ПРЕТВОРААТ ВО БОЛНИЦИ: Еве што се случува во Софија и Загреб
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 20 Март, 2020
Во Загреб и Софија најголемите концертно-спортски сали се трансформираат во привремени болници, а Хрватска и Бугарија очекуваат зголемување на бројката заразени со коронавирусот.
Загрепска „Арена“, која е изградена за Светското првенство во ракомет во 2009 година, денеска почна да се претвора во мобилна болница за полесни случаи на КОВИД-19, при што војската во неа ќе постави 300 кревети.
Во Хрватска досега има 128 позитивни случаи и еден починат.
И „Арена Армеец“ во Софија се претвора во болница, објави премиерот Бојко Борисов на Фејсбук.
Бугарија пред една недела прогласи вонредна состојба, а бројката заразени порасна на повеќе од 130.