18 Мај, 2024
0.0281

„Комшиски“ проблем со експлоатацијата на нафта во Јадранот

Објавено во: Балкан 03 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Словенија остро реагира на тендерот за истражување и експлоатација на нафта од дното на Јадранското Море што го објавија хрватските власти. Проблем се географските карти со кои се опишуваат локациите кои им се нудат на инвеститорите. Словенечкото Министерство за надворешни работи ја повикало на консултации хрватската амбасадорка во Љубљана за да и предочи дека документацијата која Хрватска ја навела во јавниот повик за барање нафта се однесува токму на подрачјето во северниот дел на Јадранското Море, кое е предмет на граничен спор меѓу двете соседни земји. Словенија потсетува дека членот 10 од арбитражната спогодба меѓу Загреб и Љубљана бара од двете страни да постапуваат „во добра вера“ и да се воздржуваат од постапки или изјави кои би можеле да ги заострат односите или да ја загрозат работата на арбитражниот суд кој решава за територијалниот спор. Официјална Љубљана бара од Хрватска од конкурсот веднаш да го повлече полето за доделување концесии СЈ-01, кое се однесува на подрачјето северно од 45 степени и 10 минути географска ширина, каде што се наоѓа словенечкото територијално море и епиконтинентален појас. Словенија наведува дека токму овој простор е предмет на арбитражниот спор и беше причина за Љубљана извесно време да го блокира пристапувањето на Хрватска во ЕУ. Во истовреме, Словенија бара од Хрватска на мапите за тендерот јасно да наведе дека ова подрачје е предмет на арбитражна постапка.  

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?