14 Мај, 2024
0.0273

Урбана оаза, за живот во мирна и еколошка средина

Комплекс Ветрило – Добра животна инвестиција!

Објавено во: Мои пари 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

На атрактивна локација на падините на Водно во мирен, еколошки дел од населбата Сопиште, со м.в.Ветрило, на надморска височина од 540 метри, Друштвото за градежништво, проектирање и инженеринг ИНТЕРСОФТ ЛТД Скопје, компанија со изграден имиџ и докажан квалитет на пазарот веќе 15 години, гради елитен станбен комплекс, наречен “Ветрило”.

Оние кои ќе побрзаат и во овој комплекс ќе купат куќа, сигурно добиваат недвижен имот кој како ќе поминува време ќе добива на поголема материјална вредност.

Во овој момент се превземаат последните чекори кон завршување на првата фаза од изградбата на овој елитен станбен комплекс, прва фаза која комплетно ќе биде завршена до месец март 2017 година.

Квадратурата на објектите е од 103 до 118 м², распределени на два ката, односно приземје и кат. Во приземјето се сместени дневна соба со отворен план, кујна со трпезарија и гостинско купатило, додека на катот се сместени 3 спални соби со 2 бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движи од 160-240 м², што е доволен простор за можност за паркирање  на два автомобили и да се сместат содржини за рекреација. Внатрешноста на самиот комплекс е поделена со две ново проектирани улици, кои дополнително овозможуваат приватност на станарите.

Објектите имаат статика која е сеизмички проверена и одобрена од Институтот

за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што комплексот го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење во нивниот нов дом. Ветрило е модерен, функционален комплекс кој одговара на динамичните потреби на едно  урбано семејство, вели Анета Велковска овластен архитект, вработена во компанијата Интерсофт.

Комплексот е свртен спрема исток, југ и југо запад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени и да имаат постојана проветреност и природна дневна сончева светлина, а исто така  да се овозможи и поубав поглед.

Со купување куќа во комплексот “Ветрило” трајно се решава проблемот со недостигот на чист воздух. Децата можат да растат во поинакви услови, да трчкаат во дворче наместо да седат во стан покрај компјутер. Куќите кои се на два ката, навистина пленат со својата убавина. Модерно дизајнирани со плански осмислен простор, по Фенг Шуи филозофија, а прилагодени на потребите на секој член во семејството. Централно греење и ладење како и топла санитарна вода  се само дел од работите кои ке се вградат во објектите. “Ветрило” е новата надеж на Скопјани кои се желни за тишина и почист воздух. 

Уште со првите фотографии кои се појавија во медиумите Ветрило го привлече вниманието кај јавноста, предизвика интерес и љубопитност. Комплексот е во мирна и еколошка средина, надвор од градскиот метеж а сепак на само 6,5 километри од центарот на Скопје, во близина на општината во населба Сопиште.

Оние кои се одлучија да се вдомат во овој комплекс,  веќе размислуваат за внатрешното уредување. Секако инвеститорот ,,ИНТЕРСОФТ ЛТД”, со својата спремност и сопствениот тим од архитекти и тука им нуди помош на своите клиенти преку најразлични совети.

ПРОМОТИВНАТА ЦЕНА е 848 евра по м2  плус 5% ДДВ, со вклучено дворно место, и истата ќе важи до крајот на месец Октомври 2016 година.

Станбен објект во комплесот “Ветрило  може да се купи и со субвенциониран кредит преку проектот  “Купи куќа за млади”, а исто така и преку поволни кредитни линии од домашните банки.

Прашања можете да поставите преку фејсбук фан страната https://www.facebook.com/Eliten-stanben-kompleks-Vetrilo-1121200057937378/?hc_ref=SEARCH

Преку веб страната www.intersoft.com.mk и е-маил info@intersoft.com.mk,  intersoft.doo@gmail.com  или на Телефон: +389 2 3227941, +38975 254 956. 


Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти