29 Април, 2024
0.0250

Компјутерите на HP се најпродавани во светот

Објавено во: Стил 16 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Компанијата „Hewlett-Packard“ (HP) ја задржа првата позиција во испорачани компјутери во светот и во САД, според анализата на ИДЦ за пазарот на компјутери за последниот квартал од 2012 година. „Ние веруваме дека позицијата на HP како лидер на пазарот ја демонстрира нашата посветеност да испорачаме супериорни компјутерски производи и искуства преку различни кориснички сегменти. Со нашето богато портфолио на продукти, почнувајќи од мобилни телефони до работни станици ќе продолжиме да ги испорачуваме најдобрите производи и искуства до нашите корисници“, соопштија од компанијата. HP важи за најголема светска технолошка компанија, која произведува печатари, персонални компјутери, софтвер, услуги и ИТ инфраструктура.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти