05 Мај, 2024
0.0538

Компанијата ќе постигне успех само со професионални односи со јавност

Објавено во: Колумни 05 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Професијата односи со јавност (ПР) е популарна и посакувана за голем број млади луѓе, иако за неа постојат големи заблуди, предрасуди и пред се недостаток на едукација.  А незнаењето влијае на девалвирање на професијата, на игнорирање на нејзиното значење и ефикасност, што е и причина компаниите да не инвестираат доволно во односите со јавноста. Така на пример често се случува компанијата сама да подготви соопштение (кое не е доволно јасно, не се почитува правилото на превртена пирамида, напишано со комплициран јазик неразбирлив за публиката) потоа да најде агенција која за минимален износ истото ќе го дистрибуира соопштението и ќе обезбеди одредена минимална медиумска покриеност и тука да заврши соработката. Ретко кога компанијата (нејзините менаџери) комплетно се отвораат кон професионалците за односи со јавности и со полна доверба ги информираат за своето работење, за добрите или лошите работи, и да очекуваат од нив ПР предлози па дури и спротивставување за одредени активности. Занемарена е и важноста на континуираното присуство во јавноста. Се случува компанија 5 до7 години да нема никакви промотивни активности, одеднаш да се реши да инвестира за краток период во медиумска кампања, да нема ефекти од кампањата, па потоа повторно долг период да e воздржана не пројавувајќи никаков интерес за користење на ПР-от, иако тој е ефективна и ниско буџетска активност која дава резултати. Неангажирањето на ПР професионалци и е поради тоа што компаниите и не знаат што се работи една агенција, какви активности реализира, што е можеби и главната причина зошто не користат ПР или пак малку инвестираат во оваа кредибилна вештина која создава имиџ, дава дополнителна вредност на брендот и го зголемува т.н. goodwill на компанијата. Не се знае дека во една ПР агенција работи поголем тим на професионалци, специјализирани во различни области кои работат на односи со медиуми, односи со професионалната и пошироката јавност, кои реализираат повеќе активности и задачи во текот на работниот ден. Постојат професионалци чија специјалност е пишување на различни документи: соопштенија за јавност, изјави за медиуми, говори, интервјуа, сценарија за настани, па до брошури и различни билтени. Тие постојано внимаваат материјалите кои ги подготвуваат да бидат од взаемен интерес, како на компаниите кои ги застапуваат така и за пошироката јавност. Нивна задача е да препознаат што е интересно, што не, и да предлагаат теми. Посебна задача се односите со медиумите и пласирањето на информации. Доколку имате креирано добра информација, доволно е да ја испратите на информативните агенции и сите потоа да ја превземат. Но кога имате помалку интересна вест, треба да контактирате поголем број на новинари, да градите релации со нив, да  преговарате и лобирате, како би можеле да имате објави. А сето тоа бара време, вештини за преговарање, некогаш и трошоци, и токму поради тоа ПР-от треба да се вреднува повеќе. Агенцијата за да предложи одредена активност или идеја треба претходно извесно време да истражува. Да собере информации за јавното мислење, трендовите, за ставот на професионалната јавност, законските прописи, за интересите на различни групи кои имаат некаква врска со компанијата. Се истражува онлајн, се прибираат информации од различни страни за да се комплетира сликата. Па дури потоа агенцијата  излегува со одредени предлози. Активност која во развиените земји најчесто се користи како ПР услуга е советувањето на највисокото раководство околу различни теми, со чие планирање и управување се подобрува имиџот и се влијае на јавното мислење. Добриот менаџер не се срами да побара совет од некого посебно кога треба да се избегне криза, и да се донесе одлука од стратегиско значење. Професионалците за односи со јавност организираат прес конференции, настани, натпревари и најразлични други манифестации, кои неретко се поврзани со големи стресови и решавање проблеми за кратко време, што ја прави професијата стресна, и ризична. Се прави посебна програма, се дефинираат приоритетите и целите, буџетите и комуникациските тактики, и тоа е секогаш различно зависно од проектот. Се на се, како и во секоја друга дејност постојат различни скалила на професионализам, искуство и знаење. До компаниите е да проценат со кого ќе соработуваат и какви професионални таргети ќе си зададат. Сепак, ако сакате да победите во трката, не е сеедно дали ќе возите фиќо или мерцедес!  Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина