19 Мај, 2024
0.0284

Компаниите очекуваат со спроведување на новиот Закон за јавни набавки да се надминат досегашните потешкотии

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива преку инфо-сесија на  тема:„Можности за доуредување на новиот Закон за јавни набавки и прашања од интерес на компаниите“ отвори дебата за подобрување на регулативата за јавни набавки преку презентирање на клучните новини на законското решение, како и можностите за негово дополнување со подзаконски акти. Во фокусот на новините на законот се напуштањето на концептот најниска цена и електронска аукција, објавувањето на плановите за јавни набавки, како и можноста за директни плаќања на подизведувачите, и беше поставено прашањето дали тие ќе бидат доволни за надминување на досегашните проблеми. Со оваа инфо-сесија, информациите пласирани на biznisregulativa.mk и следните активности на Стопанската комора на Македонија со партнерите во проектот, Стопанска комора за информатички технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија, на компаниите ќе им го олесни запознавањето со новините на законот.

Патот до новиот Закон за јавни набавки водеше преку три инфо-сесии организирани од коморите на кои сите барања за промени искажани од приватниот сектор беа претставени на Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки. Меѓу нив се истакнаа и промена на должината и начинот на изрекување на негативните референци, поголем опфат на техничкиот дијалог во постапките и воведување механизам на контрола. Со воведувањето на е-планови, објавата на промените и на склучените договори, воведувањето на е-жалби, обврската за известувањето за реализиран договор во досието на постапката и објавувањето во електронски систем на јавни набавки (ЕСЈН) е исчекор и води кон поголема транспарентност на постапките за избор на најповолна понуда и процесот на реализирање на договорите.

„За поздравување е одредбата со која се предвидува дека електронските аукции не се користат кај јавните набавки на интелектуалните услуги. Се прифатија и барањата на бизнис заедницата за промена на начинот на пресметување на роковите за жалба, а барањето да се исклучи набавката на услуги преку електронскиот пазар и истиот да се применува само за набавка на стоки и услуги е делумно прифатено на начин што преку електронскиот пазар договорниот орган може да врши набавки на стандардни стоки и услуги“, изјави Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија.

Со одложување на примената на електронскиот пазар до 1 јули 2020 година има доволен простор да се воспостави дијалог меѓу приватниот и јавниот сектор во процесот на донесување на подзаконските акти. Со овие промени се подобрува процесот на јавно-приватен дијалог при носење на бизнис регулативата. Предлогот на бизнис заедницата, критериумите за избор на економската најповолна понуда во секторите услуги, ИКТ, градежништво, земјоделство, здравство, туризам, трговија, индустрија да бидат уредени со подзаконски акти, не беа прифатени.

Бизнис секторот ќе продолжи активно да работи во насока на подготовка на компаниите за правилна имплементација на Законот за јавни набавки која започнува од 1 април 2019 година со кој се очекува намалување на можноста за евентуални злоупотреби и обезбедување на конкуренција помеѓу компаниите, како и нивен еднаков третман.

Можеби ќе ве интересира

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда