19 Мај, 2024
0.0268

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА: Каде е клучот на успехот за феноменалниот биланс?

Објавено во: Финансии 07 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Дополнително на ова банката  има одлична нето разлика од камати во износ од 784,4 милиони денари. Тоа е милион евра повеќе од лани! Вртоглава разлика меѓу приходите од камати на кредити и каматите платени за депозитите и преполовеното ниво на резервации за кредити, ова е клуч на успехот за феноменалниот биланс на успех на „Комерцијална банка“ за првиот квартал годинава во кој бележи добивка од 170 милиони денари односно (2,75 милиони евра). Ова се фактите од објавата на резултатите на банката на интернет страницата на Македонската берза. Ова е неспоредливо подобар почеток на годинава во однос на лани кога за првиот квартал банката имаше загуба во работењето од 526,8 милиони денари. Според официјалните податоци банката за првиот квартал годинава имала приходи од камати во износ од 928,1 милиони денари што е за околу 26 милиони денари помалку од приходите лани. Тоа дури е и изненадувачки мал пад со оглед на тоа дека се очекуваше поголем пад заради корекцијата на каматните стапки на кредитите. Но затоа, огромна разлика кај расходите за камати на депозити кои банката ги плаќа на своите коминтенти. Годинава за првите три месеци по тој основ се платени 143,8 милиони денари, а лани банката платила речиси сто милиони денари повеќе! Односно 231 милион денари. Кратењето на овој расход директно позитивно влијае врз билансот на успех на банката затоа што нето разликата од камати е 784,4 милиони денари што е еден милион евра пдобар скор во споредба до истиот период лани. Втората приходна ставка годинава нето приходите од надоместоци и провизии се 210,7 милиони денари и се само за 9 милиони денари пониски во споредба со тие од истиот период лани. И сега клучната разлика во корист на банката. Резервациите на кредити се преполовени во споредба со истиот квартал лани. Резервациите на првите три месеци годинава се 394,4 милиони денари, а во истиот период лани биле 829 милиони денари. Дополнително на ова многу позитивно влијае и намалената загуба заради оштетување на нефинансиски средства. Таа изнесува точно 100 милиони денари, а лани била 338,6 милиони денари Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат