08 Мај, 2024
0.0280

„Комерцијална банка“ плени опрема на „РЖ Услуги“ вредна 8 милиони евра?!!!

Објавено во: Економија 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

РЖ „Услуги“ извести дека има налог за извршување на 53,1 отсто од постојаните средства на фирмата за наплата на долг кон доверителот „Комерцијална банка“Ќе се одрази ли ова врз термоцентралата КОГЕЛ, во која има сопственост и РЖ Услуги?

„Комерцијална банка“ ќе заплени половина од постојаните средства на „РЖ Услуги“ преку налогот за извршување врз целиот имот на нејзината фирма ќерка „Енергоуслуги“, објави „РЖ Услуги“ на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Преку овој налог за извршување штo „РЖ Услуги“ го примила на 25 август годинава „Комерцијална банка“ обезбедила свое побарување од фирмата во вредност од 496,2 милиони денари односно над 8 милиони евра. Во соопштението до берзата пишува дека вредноста на налогот за извршување претставува над половина од вкупните постојани средства на „РЖ Услуги“ односно 53,11 отсто од нивната вредност. Всушност со налогот за извршување се врши заплена на целокупната опрема во Енергоуслуги ДООЕЛ Скопје, фирма што е во целосна сопственост и е консолидирана со „РЖ Услуги“, како што пишува и во известувањето до јавноста. 
Иако нема наведено детали, јасно е дека налогот за извршување е последица на ненавремено плаќање на обврските што „РЖ Услуги“ и нејзината фирма ќерка ги имаат спрема доверителот „Комерцијална банка“.

„Фактор“ со цел целосно и објективно информирање на јавноста побара кратко објаснува т.е. коментар на објавената информација од „Комерцијална банка“. Одговорот од банката го пренесуваме во целост:„Налогот за извршување врз имот на друштвото Енергоуслуги ДООЕЛ Скопје е издаден заради наплата на побарувања на Комерцијална банка АД Скопје. Во постапка на извршување секогаш се работи за наплата на  достасани побарувања, односно роковите за плаќање на долговите се истечени согласно договорените услови со Банката.“

На некој ќе му се раздени кога на друг ќе му се стемни

Оваа вест ќе одекне силно на две страни. Прво, со радост ќе ја примат сите актуелни и потенцијални инвеститори во акцијата на „Комерцијална банка“. Заради тоа што банката обезбедила покритие за своето побарување. За воља на вистината, имотот што е предмет на извршување сега банката ќе треба да го продаде и да го наплати своето побарување. Доколку подолго време имотот не се продава неговата вредност ќе се намалува. Дополнително е ограничувачки факторот што средствата кои се предмет на извршувањето не се за широка потрошувачка и бројот на потенцијални купувачи е ограничен. 
Второ, за акционерите на „РЖ Услуги“ оваа вест сигурно дека ќе биде многу трауматична и потресна. Оваа вест значи дека компанијата губи повеќе од половина од своите постојани средства што ја прави нејзината иднина многу неизвесна. Последната цена на таа акција изнесува 151 денар и од достапните податоци е видливо дека во периодот од добивањето на извршниот налог (25 август) до сега цената на акцијата паднала за 8 денари што е намалување од 5 отсто. Во речиси исто време односно во  тој временски интервал цената на акцијата на „Комерцијална банка“ пораснала за 80 денари односно за 2,8 отсто.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување