02 Мај, 2024
0.0276

Koлку заработуваат добрите фриленсери?

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Добрите фриленсери, посебно програмерите месечно можат да заработат и по неколку илјади евра. Но, за да стигнат до оваа заработка потребно е да имаат искуство и добро да ја познаваат работата. Овој вид на ангажман, работа од дома за странски клиенти, носи пари, доколку фриленсерот се докаже во сферата во која работи.

Донка Спасовска од агенцијата за посредување при вработување „Хоризонт“ вели дека искусните фриленсери можат да остварат високи приходи, а освен програмерите, добра заработка има и за оние кои се занимаваат со консалтинг.

„Тука зборуваме за луѓе кои си ја знаат работата, додека за почетници е сосема поинаку. Доколку еден програмер, месечно има 2-3 проекти, кои се добро платени, тој може да заработи неколку илјади евра. Добро можат да заработат и оние кои се занимаваат со графички дизајн. Во целата ситуација со пандемијата, програмерите останаа недопрени, додека за другите сектори имаше домино ефект“, рече Спасовска.

Фриленсерка од внатрешноста на Македонија објаснува дека фриленсерот може да заработи од 1.000 до 3.000 евра месечно, но сѐ зависи од тоа што работи и какви услуги нуди.

„Заработката зависи од повеќе фактори, и кај сите е различно, зависно од тоа какви проекти имаат, колку работат, од каде се клиентите, каква услуга даваат и слично“, вели таа.

Предноста е што оваа работа нуди флексибилно работно време, но како и во сите други бранши, и фриленсерите се соочуваат со нелојална конкуренција.

„Пандемијава со коронавирусот како да го зголеми мотивот да се работи од дома. За волја на вистината некои професии и бизниси претрпеа значајни штети, а некои пак доживејаа ренесанса. Една од тие преродените е фриленсерството кое во 2020 година доминираше на социјалните мрежи. Во зависност од искуството, креативноста, интелектот, зависи и монетизацијата на фриленсерот. Секако огромно влијание има и пазарот. Локални фриленсери не може да се споредуваат со меѓународни, но на крајот на месецот - има за сите. Нормално конкуренцијата е голема не ретко и нелојална ама така е во секој бизнис. Убавината во оваа работа е што работиш од каде сакаш, колку сакаш/можеш кога сакаш“, вели друга фриленсерка. 

Македонија може да се пофали со голем број на фриленсери. Сајтот analyticshelp.io. изминативе години, покажа дека фриленс како кариера најмногу се шири во Србија, каде што има 3.52 фриленсери на 1.000 луѓе кои живеат таму. Потоа следува Македонија со 3.41 фриленсери на 1.000 луѓе, Јамајка со 2.43 лица и Ерменија со 2.18 луѓе од 1.000 жители.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?