29 Април, 2024
0.0248

Колку тежи Беџет Пацоли – најбогатиот политичар во Косово?!

Објавено во: Стил 04 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Косовскиот потпретседател и лидер на партијата Алијанса за ново Косово, Беџет Пацоли лани станал двојно побогат. Од своето назначување на функцијата тој заработил 130 милиони евра, пишува весникот „Зери“. Официјално, Пацоли на своето конто има 350 милиони евра со што важи  најбогати политичар во Косово. Истовремено е еден од највлијателните луѓе во покраината.  Своето богатство го должи на градежната фирма „Мабетекс“, која реновирала многу владини згради во Италија, Германија, Саудиска Арабија, Русија, Кувајт, Турција, Аргентина, на Карибите, во Казахстан и во Кина. Пацоли е сопственик и на синџирот бензиски пумпи ОМВ (OMV). Во изјавата доставена до Антикорупциската агенција  на Косово, Пацоли наведува дека бил сопственик на компанија со анонимни акции, чија вредност е 125 милиони евра, поседува недвижен имот од 200 милиони евра, вклучувајќи ја и анонимната компанија. Тој е сопственик на хотелот „Грант“ во Приштина вреден  3,6 милиони евра, поседува акции во вредност од 100 милиони евра во повеќе компании како и 3,6 милиони евра готови пари во косовски банки.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти