19 Мај, 2024
0.0265

Колку просечни плати заработува најплатениот министер?

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Првиот човек на полицијата, Оливер Спасовски е поплатен од премиерот, Зоран Заев. 

Највисока плата во Владата зема министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, или 92.299 денари. Со оглед на тоа што неговата плата надминува 90.000 денари, Спасовски е единствениот министер кој би бил подложен на прогресивното оданочување што го најавува Владата.

За разлика од него, премиерот Заев зема 88.161 денари, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев 80.206 денари, а министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, 79.150 денари.

Најниската министерска плата изнесува 66.442 денари и ја добива министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

Владата ја објави висината на октомвриската плата која им е исплатена на премиерот, вицепремиерите и владините министри. Податоците се објавени преку алатката за транспарентност на Владата, објавена на официјалниот веб сајт со образложение дека висината на платата на министрите е јавен податок.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2018 година, изнесува 24 355 денари, објави вчера Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2018 изнесува 35 794 денари.

Тоа значи дека Спасовски заработува повеќе од три нето просечни плати месечно. 

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа