19 Мај, 2024
0.0265

Колку пари се вртат во македонскиот фудбал?

Објавено во: Економија 26 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Сумата што во англиската Премиер лига или во шпанската Примера во една сезона ја добива добар и надежен шпиц во просечен клуб е рамна на буџетот на сите прволигаши во Македонската фудбалска лига. Колку и да е слаба нашата лига, за прво место и титула требаат повеќе од 3 милиони евра во една сезона

Колку пари се вртат во македонскиот фудбал и дали е тоа бизнис или е аматерска игра иако имаме десетина клубови кои се акционерски друштва што значи дека фудбалот треба да биде базиран на деловни релации? Ова е прашање на кое не може да се даде едноставен одговор. Веројатно најприближниот описен одговор е дека сме на половина пат од аматеризам кон професионализам. Единственото место каде што можат да се најдат податоци за македонските фудбалски клубови е интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност каде своите финансиски податоци ги објавуваат акционерските друштва кои се фудбалски клубови.

Од достапниот регистар на берзата има достапни податоци за неколку македонски фудбалски клубови од прваат лига: „Вардар“, „Шкендија“, „Брегалница“, „Силекс“, „Ренова“ и Работнички“. Од нивните податоци за 2017 година се гледа дека сите клубови годината ја завршиле со нето добивка.

Единствени клубови што имале приходи поголеми од еден милион евра се „Вардар“ и „Шкендија“, а „Работнички“ имал приближно еден милиони евра. „Силекс“ е во средината под „Работнички“ и над „Брегалница“ и „Ренова“.

Сите овие македонски клубови(меѓу кои се и првопласираните три во ланското првенство, а тие се и најголеми аспиранти за титулата и во оваа сезона) заедно имале вкупни приходи од 11,43 милиони евра.

Кој е најбогат?

Скопски „Вардар“ лани имал убедливо најголем буџет од сите клубови во неговата конкуренција во Првата македонска фудбалска лига. Неговите приходи лани биле 6,1 милиони евра и тоа е речиси двојно повеќе од најлутиот ривал „Шкендија“ од Тетово. Добивката на „Вардар“ во годината во која бил шампион е 792.400 евра. „Шкендија“ која годинава беше шампион, а во сезоната 2016-2017 беше позади „Вардар“ имала буџет од 3,2 милиони евра што е речиси половина од парите со кои лани располагал „Вардар“. Расходите на „Шкендија“ биле 2,75 милиони евра, а компанијата завршила со добивка од 264.500 евра. „Работнички“ според буџетот е најблиску до овие два клуба. „Железничарите“ лани имале буџет од 983.000 евра, а нивната добивка била 32.000 евра. 
На половина пат од „Работнички“ до „фенерџиите“ штипска „Брегалница“ и „Ренова“ е „Силекс“. Кратовскиот тим е единствената екипа која од осамостојувањето на Македонија игра во првата лига. Буџетот на кратовци лани бил околу 600.000 евра. Клубот лани одиграл со цел да опстане во прва лига, а нето добивката што ја остварил изнесувала 550 евра на крајот на минатата година.

Колку треба да се опстане во Македонската прва фудбалска лига?

Најмали буџети, од достапните информации, лани имале „Брегалница“ и „Ренова“. Штипскиот клуб со 85 годишна традиција – најстар во првата лига и единствен од источна Македонија лани успеал да собере буџет од 261.430 евра и тоа е екипата со најмал буџет во овие 6 акционерски друштва чии податоци се јавно достапни. И покрај тоа што во сезоната 2016-2017 година „Брегалница“ го изгуби прволигашкиот статус таа остварила нето добивка од 31.000 евра. „Ренова“ од Џепчиште лани имала на располагање 295.000 евра, а годината ја завршила со прволигашки статус и добивка од 2.400 евра.

Во регистарот на берзата досега не доставиле податоци фудбалските клубови кои во сезоната 2016-2017 биле членови на првата лига: „Пелистер“ од Битола, „Победа“ од Прилеп, „Македонија ЃП“ и „Шкупи“ од Скопје.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа