18 Мај, 2024
0.0274

Колку пари направи „Прилепска пиварница“ во летната жега?

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Прилепска пиварница во летните месеци (јули,август и септември) правеше просечен дневен приход од продажба поголем од 103.000 евра. На тој приход од продажба просечниот дневен профит на пиварницата во овој период е 13.370 евра

„Прилепска пиварница“ за три месеци од продажба на пива и сокови направи 9,5 милиони евра што покажува колку е популарен овој производител на домашниот пазар на пиво и на газирани безалкохолни пијалоци. Приходот од продажба за три месеци е за 36 отсто поголем од просечниот приход од продажба по квартал што компанијата го оствари за првите две тромесечја. 

Нето добивката на пиварницата во третиот квартал, периодот во кој најмногу се продаваат нејзините производи, изнесува 1,23 милиони евра и таа е повисока од нето добивката во двојно подолгиот период од шест месеци. Добивката за првите шест месеци (180 дена) е 1,1 милиони евра и е за 130.000 евра пониска од добивката во периодот јули-септември (90 дена).

Од достапните податоци се гледа дека компанијата за првите девет месеци годинава продала пива и сокови во вредност од 23,67 милиони евра и од тоа огромно е учеството на продажбата на домашен пазар која изнесува 23,39 милиони евра. Продажбата за првите девет месеци пораснала за 5 отсто во споредба со истиот период лани. Во исто време оперативните трошоци на компанијата растат побрзо од приходите од продажба. Тие за првите девет месеци изнесуваат 22,15 милиони евра и во споредба на истиот период лани се поголеми за 10 отсто односно за 2 милиони евра. Нето добивката за првите девет месеци и покрај значајното зголемување во летниот период бележи пад од 32 отсто во однос на првите девет месеци лани.

Прилепската пиварница е една од најуспешните домашно поседувани компании. На ранг листата за најголеми компании според остварените приходи лани таа е на 77 место со приход од 29,7 милиони евра.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа