Колку пари му требаат на едно семејство да го помине месецот?
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2023 15:31
Без 50.000 денари едно домаќинство не може да го помине месецот. 50.799 денари биле потребни во јануари за едно семејство од четири члена за минимални месечни трошоци, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Две минимални плати не можат да ги покријат трошоците за живот.
Од ССМ објавија нови податоци за синдикалната потрошувачка кошничка. Од вкупната сума, 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена се потребни минимум 3.097 денари, а за превоз 3.668 денари.
Државниот завод за статистика(ДЗС) вчера објави дека инфлацијата во јануари била 17,1 проценти.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари годинава во споредба со претходниот месец, е забележан кај кафето, чајот, какаото за 1,9 отсто, рибата и морските плодови за 1,6 проценти, свежото и разладеното овошје за 1,2 отсто, жестоките пијалаци за 1,1 проценти, месото за 0,6 отсто, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,5 и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,2 проценти - соопштува статистика.Минималната синдикална кошничка за декември изнесувала 51.235 денари.
foto freepik.com/drobotdean
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




