03 Мај, 2024
0.0259

Колку пари ќе го чини светот вирусот Зика?

Објавено во: Свет 06 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Земјите во кои веќе има потврдени случаи на вирусот или во кои се очекува тој да се шири, би можеле да загубат околу 63.9 милијарди долари приходи од меѓународниот туризам, покажуваат  податоците на Светска банка.

Од сите латиноамерикански држави ефектот од загубените приходи од туристи може да е најголем во Мексико. Странските туристи потрошиле 14.31 милијарди долари во земјата во 2013-та година, според Светската банка.

Бразил има над 7 милијарди долари приходи од туризмот. Иако е една од најпогодените земји од вирусот, сепак земјата е домаќин на летната Олимпијада од 2-ри до 21-ви август. Иако ширењето на вирусот ги става игрите под закана, бразилската влада објави дека тие нема да бидат откажани поради вирусот.

Зика се очекува да стигне и до САД, каде туристите потрошиле над 214.7 милијарди долари во 2013-та година. Канада и Чиле се единствените земји во западната хемисфера, до кои вирусот веројатно нема да дојде, бидејќи „тигар“ комарците кои го пренесуваат Зика, не се населуваат на нивните територии.

Во обид да се спречи ширењето на вирусот, повеќе авио-компании објавија дека ќе ги рефундираат трошоците на патниците кои купиле карти за да патуваат во некои од земјите погодени од вирусот.

Инаку, вчера три лица починаа како последица од вирусот Зика, откако им се развило невролошко пореметување, информираат властите на Колумбија.

Ова се првите случаеви каде официјално причина за смрт бил вирусот Зика. Претходно пак, за прв пат вирусот беше пронајден активен во примероци од плунка и урина. Бразилскиот државен институт велат дека ти ќе биде истражена можноста за пренeсување на вирусот преку телесни течности.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место