Колку пари ќе чинат предвремените парламентарни избори?
Објавено во: Финансии 22 Јануари, 2016
Осум милиони евра ќе бидат издвоени за организирање на предвремените парламентарни избори.
Оваа одлука беше усвоена вчера од страна на ДИК а воедно беше усвоен и начинот на кој ќе се прочистува Избирачкиот список.
За оваа цел ДИК ќе прави вкрстување на податоци од 13 институции меѓу кои се УЈП, НБРМ, МВР, ФЗО, и други.
Останува уште партиите да исполнат уште две точки од договорот кој го потпишаа во јуни/јули во Прижно .
Политичките партии треба да ја усвојат методологијата на ДИК и регулацијата на медиумите.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/01/22/prochisten-izbirachki-spisok-dik-ke-pravi-sporedba-na-podatotsi-od-13-institutsii/" target="blank" ]ПРОЧИСТЕН ИЗБИРАЧКИ СПИСОК: ДИК ќе прави споредба на податоци од 13 институции![/button]