18 Мај, 2024
0.0278

Колку Македонци работат од дома?

Објавено во: Економија 28 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Програмери, веб дизајнери, архитекти, дактилографи, преведувачи, ова се само дел од професиите кои својата заработка ја вадат во сопствениот дом. Во последно време, со развојот на информатичките технологии, се почести се примерите на луѓе кои своите работни обврски можат да ги извршуваат во домашна атмосфера наместо да одат во канцеларија или фабрика. Според бројките од Евростат, во 2017 година, речиси 13.000 лица или само 1,7 отсто од сите над 750.000 вработени во земјава работеле од дома.

Иако во оваа категорија заостануваме зад европскиот просек, сепак, може да се пофалиме дека сме подобри од некои соседни земји. На ниво на 28- те земји членки на Унијата во 2017 година, овој процент изнесува 5 отсто од вработените лица на возраст од 15 до 64 години. Оваа бројка е највисока во Холандија (13,7 отсто), потоа Луксембург (12,7 отсто) и Финска ( 12,3 отсто), а најниска во Бугарија (0,3 отсто) и Романија (0,4 отсто). Во Грција процентот на вработени кои работат од дома е 2,3 отсто, во Хрватска 1,4 отсто, а во Словенија 7,2 отсто. Работата дома е малку почеста во еврозоната (5,7 отсто од вработените лица) отколку во ЕУ како целина.

Според европските статистички податоци, самовработените лица повеќе сакаат да работат од дома (18,1 отсто) за разлика од тие што се вработени кај некој работодавец (2,8 отсто).

Исто така, според бројките за 2017 година, на ниво на ЕУ поголем е бројот на жените кои работат од дома (5,3 отсто) во споредба со мажите (4,7 отсто). Меѓутоа, во неколку земји-членки, ситуацијата беше обратна, со повеќе мажи кои работат од дома отколку жени. Ова е карактеристично за Холандија (14,7 отсто од мажите, во споредба со 12,6 отсто од жените) и за Данска (9,5 отсто во споредба со 7,6 отсто).

Статистиката открива дека зачестеноста на работа од дома се зголемува со возраста. Само 1,6 отсто од 15- 24-годишници во ЕУ обично работеле од дома во 2017 година. Во возрасната група од 25 до 49 години овој процент изнесува 4,7 отсто, а највисок е кај вработените на возраст од 50-64 години (6,4 отсто). Највисок процент на млади луѓе од 15 до 24 години, кои редовно работеле од дома, е забележан во Луксембург (10,4 отсто), а на второ место е Холандија со 4,2 отсто. За другите возрасни категории, Холандија е на врвот (14,8 отсто од 25- 49 години и 16,6 отсто од 50-64 години), по што следи Финска (13,1 и 13,6 отсто).

Во последниве години се забележува тренд на зголемување на процентот на вработени лица кои понекогаш работат од дома, од 7,7 отсто во 2008 година на 9,6 отсто во 2017 година, иако бројката во 2017 година беше малку намалена од 2016 година (9,8 отсто).

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа