Колку куќи уништи земјотресот во Црна Гора?
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2018
Педесетина куќи се оштетени денеска во земјотресот со јачина од 5.1 степен што ја погоди Црна Гора.
За десетина семејства, чии домови не се безбедни по потресот се бара алтернативно сместување.
Најмногу штети има во градот Плав, во чија близина бил и епицентарот на земјотресот, во близина на тромеѓето меѓу границите на Црна Гора, Албанија и Косово. Човечки жртви нема во земјотресот.
Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Кичево се градовите во земјава кои го почувствуваа земјотресот од Црна Гора.