19 Мај, 2024
0.0247

Колку еден “Grexit” ќе ја чини Европа

Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Износот што Атина го должи на своите партнери, е во износ на само мал дел од економијата на еврозоната, но некои аналитичари се уште се загрижени дека евентуален "Grexit" конечно може да ја чини Европа нејзината единствена валута, пишува во својата анализа AFP.

Светските пазари паднаа во почетокот на минатата недела, исплашени од новиот напад на стравувања дека Грција може да биде принудена да ја напушти еврозоната.

Предвремените избори во Грција на 25 јануари може да ја доведат на власт екстремната СИРИЗА, која сака да се откаже од политиката на штедење наметната од ЕУ и ММФ, како дел од програмата за спас во висина од 240 милијарди евра (282 милијарди долари).

Распродажбите на пазарите беа предизвикани од извештаите на медиумите, кои сметаат дека ако новата влада во Атина го смени курсот, Германија е подготвена да остави Грција да го напушти европскиот клуб на единствената валута.

Повеќето аналитичари се сомневаат дека ќе се дојде до таму, но ако се случи тоа, Атина ќе биде силно притисната да ги згасне своите спасувачки заеми и веројатно ќе дојде до банкрот.

"Грчки банкрот при спасувачка програма во обем од 240 милијарди евра ќе испрати нов шок бран кон еврозоната", изјави Гај Ферхофшцад, претседател на групата на либералите АЛДЕ во Европскиот парламент.

Германија ќе изгуби најмногу доколку Грција не успее да ги плати долговите: околу 56,5 милијарди евра според пресметките на Ерик Дор, директор на економските истражувања во францускиот School of Management врз основа на податоци на ЕУ. Тоа значи 699 евра на жител.

За Франција вкупните трошоци изнесуваат над 42,4 милијарди евра, или 644 евра на жител. За Италија цената ќе биде 37,3 милијарди евра за Шпанија - 24,8 милијарди евра, за Холандија - 11,9 милијарди евра за Белгија - 7,2 милијарди евра, за Австрија - 5,8 милијарди евра за Португалија - 1,1 милијарди евра, а за Ирска - 300 милиони евра.

И додека овие износи изгледаат огромни, тие сепак се минијатурен дел од економијата на еврозоната. Вкупно 195-те милијарди евра, кои Грција ги должи на своите партнери, се изедначуваат со само четири проценти од трошоците на владите на еврозоната за 2013 година. Покрај тоа е предвидено кредитите да бидат исплатени во текот на многу години.

А и банките во еврозоната, кои своевремено имаа значителни изложености кон Грција, веќе ја промениле оваа своја политика.

JPMorgan Cazenove неодамна пресмета дека доверителите од еврозоната, кои ги опфаќа нејзиното истражување, имаат изложености од само околу 5 милијарди евра за Грција.

Друга сериозна штета од еден Grexit сепак ќе биде несигурноста, која би можела да се разгори во економијата на еврозоната и може да предизвика многу високи трошоци.

"Најголемата загриженост може да е за финансиско стампедо" и напад на инвеститорите на Европа, рече Томас Грибине, економист во меѓународниот економски институт CEPII.

"Ако инвеститорите не се уверени дека еврозоната е навистина солидна, тоа може да доведе до зголемување на каматните стапки, кои во моментов се многу ниски, и на тој начин и на трошоците за кредитите", вели тој.

А еден пораст на цената на кредитите и пад на инвестициите ќе го повлече килимот од под напорите за заживување на растот во еврозоната.

Аналитичарите се поделени околу тоа дали еден Grexit може да биде совладан или ќе доведе до распаѓање на еврозоната.

Некои сметаат дека Европа е многу подобро подготвена да се справи со Grexit благодарение на создавањето на спасувачкиот фонд од 500 милијарди евра и напорите преземени за зајакнување на банките во регионот.

Економистот Холгер Шмидинг од Berenberg bank изјави дека "верижен ефект при такво сценарио врз другите европски земји ќе биде ограничен".

"Со средствата за поддршка на ЕМС, подготвеноста на ЕЦБ да дејствува и напредокот кон банкарскиот сојуз Европа може да се справи со хипотетички грчки излез", вели тој.

Но Џонатан Лојинс, главен економист за Европа во лондонската Capital Economics, вели дека "не е јасно дали политиката е доволна за превенција од криза при грчки излез од еврозоната".

Тој забележува дека спасувачките фондови не се доволно големи за да им помагаат на поголеми земји, како Италија или Шпанија, а ЕЦБ може да има тешкотии во обид да ги смири пазарите на обврзници.

"Историските преседани покажуваат дека е речиси невозможно да се задржи дадена монетарна унија недопрена, откако е започнат процесот на распаѓање", забележува од своја страна Кристофер Дембик од Saxo Banque, наведувајќи го особено распадот на Австроунгарската империја. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел