Колку е вкупната потрошувачка по видови енергенти во април?
Објавено во: Економија 24 Јуни, 2016
Во април 2016 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти во Република Македонија изнесува: 575 485 МWh електрична енергија, 4.804 мил. нм3 природен гас, 441 255 тони јаглен и 90 069 тони нафтени продукти.
Ова е според податоците на Државниот завод за статистика.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 67.8 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, а 97.4% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.
Македонија во март годинава вкупно потрошила 673.382 мегават часови електрична енергија, 12.307 милиони нормални метри кубни природен гас, 505.286 тони јаглен и 83.107 тони нафтени продукти.