16 Мај, 2024
0.0275

Колку е ризична новинарската професија - Убиени 6 новинари во Европа од 2017 до март оваа година

Објавено во: Свет 02 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Новинарството се вбројува во групата на најризични професии. Во Европа од почетокот на 2017 година до крајот на фебруари оваа година се убиени 6 новинари. 

Јан Куцијак

На 25 Фебруари беше убиен новинарот Јан Куцијак и неговата девојка. Неколку весници во Словачка го реобјавија неговиот последен текст, кој ја поврзува италијанската мафија со високо ниво на политичка корупција.  Словачкиот премиер Роберт Фицо најави награда од еден милион евра за секој што ќе понуди информација за убиството на новинарот.

Дафне Каруана Галиција

Западна Европа беше шокирана во октомври минатата година од убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција. Новинарката од Малта известуваше за корупција и перење пари и објави низа артикли поврзани со „Панамските документи“. Новинарката беше убиена на 16 октомври лани со бомба поставена под нејзиниот автомобил, непосредно по излегувањето од својот дом. Таа соработуваше со повеќе малтешки медиуми, а пред сè беше позната по блогот на кој откри повеќе скандали за корупција во кои биле вклучени соработници на малтешкиот премиер Џозеф Мускат и неговата сопруга. Два месеца по убиствот, полицијата уапси 10 лица. Тројца од нив – Вин Мускат и браќата Алфред и Џорџ Деџорџио – во декември лани беа обвинети за убиството. Тие пред судот се изјаснија дека се невини.

Ким Вал

Јавноста беше шокирана од  убиството на 30-годишната Ким Вал не е поврзано со мафија. Шведската новинарка загина за време на извршување работна задача која не беше поврзана со политика. Таа исчезна во август 2017 година додека снимала репортажа за прототип на цивилна подморница што ја направил данскиот научник и истражувач Петер Мадсен. Нејзиното тело беше пронајдено искасапено во морето 12 дена од нејзиното исчезнување. Мадсен е обвинет за убиството на Вал.

Дмитри Попков

Рускиот новинар Попков беше убиен на 24 мај минатата година на 42-годишна возраст. Објави извештаи за корупција и за злоупотреба на власта во Русија во својот весник „Тон-М“, Тој исто така објавувал и критички тестови за владејачката партија Обединета Русија. Тој беше застрелан со пет куршуми во неговата градина во Минусинск, Сиберија. Властите отворија истрага која засега не дала резултати.

Саид Каримијан

Иранскиот новинар беше убиен на 19 април лани на 45-годишна возраст во Истанбул. Тој беше сопственик на телевизиската мрежа „Гем ТВ“, која емитуваше програма од западните телевизии преведени на персиски јазик. Каримијан беше осуден во отсуство во Техеран за ширење пропаганда против Иран. Турската полиција спроведува истрага за убиството.

Николај Андрушченко

Тој беше убиен на 19 април лани во Русија на 73-годишна возраст, шест недели откако беше брутално претепан од непознати напаѓачи. Полицијата во Санкт Петербург отвори истрага за неговата смрт, но нема осомничени. Тој беше еден од основачите на свесникот Novy Petersburg, а пишувал текстови од областа на криминалот и човековите права.

Можеби ќе ве интересира

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?