07 Мај, 2024
0.0244

Колку чини „фенерот“ на МЗТ Скопје во АБА Лигата?

Објавено во: Економија 20 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Фенерџијата во АБА лигата нашиот МЗТ Скопје лани имал приходи во износ од над 852.000 евра. Во 2016 година со за нијанса помал буџет клубот остварил малку подобар пласман.

Кошаркарскиот клуб МЗТ од Аеродром лани потрошил 852.000 евра за своето учество во АБА лигата и во домашното првенство. МЗТ е последнопласирана екипа во регионалната АБА лига. Според официјалните податоци КК МЗТ Скопје имал вкупни приходи од 52,661 милиони денари, а годината ја завршил со добивка од 52.568 денари. МЗТ Скопје е единствениот македонски претставник во регионалната кошаркарска АБА лига и е на последно место на табелата. Во 2016 година клубот со речиси истиот буџет беше пласиран во долната третина од табелата, но не беше последно пласиран. 

Основач на кошарскарскиот клууб е општина Аеродром Скопје и во значајна мерка таа покрива дел од трошоците на клубот. Повеќе податоци за финансиските токови во МЗТ не се достапни за јавност, дадени се само податоци за вкупните приходи, платениот данок и остварената добивка.

Во 2016 година клубот што имал приходи од 833.000 евра годината ја заврши со добивка од 100 евра. Според сметководствените биланси на клубот што игра во регионалната АБА кошаркарска лига најголем дел од приходите се од категоризацијата „останатите приходи“ и тие завршуваат во „останати трошоци од работењето“.

Според објавените биланси кои може да ги видите на следниот линк  моментално најсилниот македонски клубски кошаркарски репрезент во 2016 година имал приходи во износ од 833.000 евра кои во најголема мерка биле потрошени за потребите на клубот, па годината ја завршил со нето добивка од 5.928 денари односно приближно 100 евра. Во 2015 година КК МЗТ Скопје Аеродром имал добивка од 1.050 евра, а имал приходи кои се за 8 отсто поголеми од приходите што ги остварил во 2016 година. Од сметководствените ставки е видливо следново: приходите на клубoт во 2016 година биле 51,4 милиони денари и се за 4,5 милиони денари пониски од 2015 година. Доминантно е учеството на останатите приходи. Тие се 47,9 милиони денари и се повеќе од 90 отсто од сите приходи на компанијата. Во 2015 година нивото на овие приходи било 53,7 милиони денари.

На расходната страна состојбата е ваква: останатите расходи се 41,5 милиони денари, трошоците за вработени се 1,4 милиони денари од кои за плати се 620.000 денари.

Од билансот на состојба на кошаркарскиот клуб се гледа дека 2016 година заклучно со крајот на годината обврските биле 110.000 евра од кои приближно по половина биле обврски спрема добавувачите, а другите биле обврски за данок на друштвото. Тековните средства на крајот на 2016 година биле на износ од 600.000 евра и се повисоки за речиси 100.000 евра во однос на 2015 година.Краткорочните побарувања на друштвото на крајот на 2016 година биле околу 550.000 евра и се за стотина илајди евра повисоки од истите на крајот на 2015 година.

„Фактор“ пред извезно време објави текст за кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“ кој исто како и МЗТ Скопје Аеродром настапува во регионалната кошаркарска АБА лига. Целиот текст може да го прочитате на следниот линк.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?