19 Мај, 2024
0.0329

Колкава дивиденда носи акцијата на „Макпетрол“?

Објавено во: Економија 31 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

„Макпетрол“ планира да исплати по 961 денар бруто дивиденда по акција или вкупно 108 милиони денари. Најмногу пари ќе добие транспортната компанија ОИЛКО, а над 2.400 акционери ќе поделат 1,1 милиони евра. За истакнување е тоа што „Макпетрол“ на свои вработени ќе подели награди во износ од 600.000 евра!

Најголемата трговска компанија во земјава , нафтениот гигант „Макпетрол“ ќе подели 108 милиони денари во дивиденда на своите акционери, пишува во предлог одлуката за претстојното акционерско собрание што ќе се најде на гласање на 9 јуни за кога е закажано акционерското собрание.

Од објавените податоци произлегува дека дивидендата по акција ќе изнесува 961 денар во бруто износ, кога вкупниот број на акции со право на глас ќе се подели со планираниот износ на дивиденда. Во предлог одлуката не е специфицирано, но се подразбира дека станува збор за бруто износ, а тоа подразбира дека износот треба да се намали уште за 10 отсто колку што е персоналниот данок што компанијата треба да го издвои за секоја акција на која следува дивиденда. Во тој случај домашните физички лица акционери односно инвеститори во акции на „Макпетрол“ можат да очекуваат 865 денари дивиденда по акција. Во однос на последната пазарна цена на таа акција тоа е принос од 2,8 отсто на вложеното и не е меѓу најатрактивните приноси кои се остваруваат од дивиденда од понудата акции кои можат да се одберат на нашата берза за хартии од вредност. Најмногу пари од дивиденда ќе добие најголемиот акционер ОИЛКО кој поседува 22,9 отсто од акциите што значи дека ќе добие бруто износ од 24,7 милиони денари. Над 2.400 домашни физички лица – акционери во „Макпетрол“ меѓу себе ќе поделат 1,1 милиони евра од добивката на компанијата наменета за дивиденда. Од добивката за 2016 година „Макпетрол“ исплати дивиденда од 1.000 денари за акција.

„Макпетрол“ за награди на вработени ќе подели над 600.000 евра!

Во предлог одлуката која се однесува на дивиденда на „Макпетрол“ пишува дека се планира пари за награди на членови на управниот одбор, на раководни лица и на вработени. Интересно е тоа што најмногу пари се планирани за награди на вработените лица и тоа е износ од 37 милиони денари односно околу 600.000 евра. „Макпетрол“ има над 1.000 вработени и не е прецизирано колкумина ќе добијат награда и тоа ќе биде уредено дополнително со одлука на органот на управување најверојатно по примени предлози за вработени кои се истакнале со работниот ангажман. Ова е навистина позитивен пример на работење и може да се истакне како корисна пратика во корпоративното управување.За членовите на Управниот одбор на компанијата во предлог – одлуката се наменети 9 милиони денари, а компанијата има 8 члена на УО што значи дека просечно на секој би му биле исплатени над 1,1 милиони денари. „Макпетрол“ предвидува награди и за раководниот кадар во компанијата и за таа намена се планирани 2,25 милиони денари. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници