Колкав раст и предвидува ЕК на Македонија за догодина?
Објавено во: Економија 10 Ноември, 2017
Раст на македонскиот БДП од 2,7 во 2018 и 3,2 во 2019 година. Ова е последниот проектиран раст за македонската економија од страна на Европската комисија.
Оваа година пак Македонија, според ЕК ќе ја заврши со економски раст од 1,7 отсто.
Во извештајот се вели дека економските движења и инвестициите во првото полугодие се намалиле поради продолжената политичка криза, но, како што се наведува, со новата Влада која дојде во јуни и која најавува дека е посветена на спроведување структурни и фискални реформи и поддршка на домашната побарувачка и вработувањата, се очекува интересот на инвеститорите да се врати, а економската активност да зајакне.
Се предвидува и натамошен раст на вработувањето и намалување на стапката на невработеност догодина на 21,4, а во 2019 на 21 отсто.
ЕК има оптимистички прогнози за развојот на македонската економијата и очекува на растот на БДП најмногу да влијае домашната побарувачка и потрошувачка. Позитивно влијание ќе има и зголемувањето на минималните плати, како и јавните инвестиции.
Што се однесува до Фискалната одржливост таа може да биде загрозена ако Владата ги зголеми трошоците за субвенции и плати без истовремено спроведување на трајни мерки за консолидација, оценува ЕК во есенскиот економски извештај