Колкав процент од Турците не сакаат членство во ЕУ?
Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2016
Околу 64% од турските гласачи не сакаат нивната земја да стане членка на Европската унија.
Ова го покажуваат резултатите од анкетата на турскиот весник „Акшам". На прашањето дали сметаат дека обидите за членство во Унијата треба да бидат продолжени, позитивно одговориле само 22%. Во исто време 68% од анкетираните над 5400 избирачи изјавиле дека го поддржуваат дијалогот меѓу владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и Партијата за националистичко движење (МХП) за промена на уставот на земјата, кои ќе воведат претседателски систем на управување, а против се 28%. Враќањето на смртната казна, исто така ужива широка поддршка кај гласачите. Над 70% од нив поддржуваат како крајна мерка да биде наложена во некои случаи на злосторства како предавство. Против се 18%, а без мислење се 11%, пишува турскиот весник.
На прашањето „Дали САД и НАТО се наши стратешки партнери" 78% одговориле со „не", а 22% со „да". Силна останува и целокупната поддршка за владејачката партија.