19 Мај, 2024
0.0307

КОЛАПСОТ СПРЕЧЕН: Карфур се спасува во последен момент…Како?

Објавено во: Економија 04 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

„Last-minute“ зделка за спас му даде нов живот за сопственикот на „Carrefour“.

Колапсот на „Marinopoulos Group“ изгледа беше спречен откако неодамна „Eurobank“ одлучи да ги продолжи кредитните линии и да го спаси заглавениот синџир, пренесе „Ekathimerini“.

Синџирот на „Marinopoulos“ е основан во 1962 година и е најголемиот трговски ланец во Грција. До пред четири години, француската мултинационална „Carrefour“ претендираше за титулата најголем синџир супермаркети во Грција 50/50, преку заедничко вложување со „Marinopoulos“. Уделот на францускиот гигант сепак беше откупен од „Marinopoulos Group“ во 2012 година.

На крајот на јуни грчкиот конгломерат „Marinopoulos“ – сопственикот на “КМБ Бугарија“, компанијата која управува со франшиза на францускиот синџир „Carrefour“ за Бугарија, поднесе барање за стечај со долгови од 1,3 милијарди евра. Грчката компанија падна во тешки финансиски тешкотии во последниве години поради кризата. Уште тогаш таа размислуваше и разглдуваше варијанти за закрепнувачки план, вклучувајќи спојување со конкурентниот синџир во Грција „Sklavenitis“.

Вчера „Sklavenitis“ потврди дека ќе го откупи „Marinopoulos“, користејќи банкарско финансирање во рамките на 360 милиони евра. Наводно, предложениот план за реструктуирање вклучува 50% редукција на сумите кои „Marinopoulos“ им ги должи на снабдувачите.

Сега се очекува Народната банка на земјата и банката Пиреос да го одобрат договорот. Во оваа фаза се смета дека има мала веројатност за неуспех на преговорите, бидејќи прашањето веќе помина низ соодветните комисии на двете банки. Отсега „Sklavenitis“ ќе дејствува како стратешки инвеститор за „Marinopoulos Group“.

Зделката ќе биде пречекана со огромно олеснување, бидејќи големината на прометот на „Marinopoulos“ претставува околу 1 процент од БДП на Грција. Само во Грција за компанијата работат над 13 илјади луѓе. Ако таа не помине успешно во постапката за реструктуирање, сите тие можат да ги изгубат своите работни места.

„Carrefour Marinopoulos“ е основана во 1999 како заедничко вложување меѓу “Marnopoulos Group“ и францускиот синџир „Carrefour Group“. Во 2012 француската компанија се повлече од Грција поради должничката криза во земјата и намалувањето на потрошувачката.

Историјата на „Marinopoulos“ сепак датира од крајот на XIX век. Фирмата заминува со една мала аптека во Атина и со годините постепено ги проширува објектите и активностите. Во 1949 година групата се базира во фармацевтскиот конгломерат FAMAR, а во 1962 година го отвора и својот прв супермаркет.

Во почетокот на 2016 поточно во февруари, Carrefour стави клуч и на хипермаркетот во Скопје каде заглави и замина со големи долгови кон своите добавувачи но и кон банките.

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија