19 Мај, 2024
0.0478

Која општина ќе наплаќа најевтина вода за пиење ?

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

 Комуналното претпријатие „Солидарност“ од Виница е меѓу првите во Македонија кое ја исполни обврската за тарифирање на услугата за снабдување вода за пиење, при што определи граѓаните да плаќаат по 22,5 денари за кубен метар. Тоа е меѓу најниските цени во државата, согласно со законските одредби за цените на водните услуги од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Директорот на „Солидарност“, Игор Христов, во отчетот за едногодишното работење рече дека намалувањето на цената помогнало за само една година да се подобри наплатата на сметките за комунални услуги за над 650 илјади денари.

-Новата цена на водата за пиење доби согласност од управниот одбор на претпријатието и од Советот на општината, по што веќе започна нејзината примена. Исто така, ја прифативме најниско понудената цена од Регулаторната комисија за одвод на отпадните води и сега надоместокот за канализација изнесува 6 денари од кубен метар што, исто така, е на најниско ниво во државата, истакна Христов.

Во анализата за работењето во изминатата година, Христов нагласи дека наследениот долг од 15 милиони денари е намален за еден милион, а со поекономично работење инвестирани се сопствени средства за изградба и реконструкција на водоводната и канализациската мрежа во градот и населените места.

За подобрување на јавната хигиена во општината набавени се 60 контејнери, а во механичарската работилница на „Солидарност“ започнато е сопствено производство на околу 150 столбни канти за отпад, со што трошокот за нивна набавка е намален за две третини.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа