18 Мај, 2024
0.0271

Која метална индустрија го има лекот за короната?

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Челичните конструкции се отпорни на корона кризата. „Факом“ има феноменални резултати. Друштвото има раст на приходите за 15 отсто, раст на профитот за 11 пати во споредба со лани.

Домашната индустрија специјализирана за производство и изградба на челични конструкции во корона услови на стопанисување има одлични финансиски резултати на кои можат да и позавидат многу компании. „Факом“ според финансиските резултати за првите девет месеци дефинитивно е една од успешните приказни на нашата економија.

За првите девет месеци оваа компанија, во вонредни услови на работење, има вкупни приходи од продажба кои изнесуваат 14,9 милиони евра што е за 22 отсто повеќе од истиот период лани. Во структурата на приходи значајно поголемо учество има извозот што значи дека „Факом“ во оваа ситуација е извор на важни девизни приливи што многу значат за домашната економија и особено за поддршка на девизниот курс на нашиот денар. За периодот јануари – септември „Факом“ има продажби на странски пазари во износ од 10 милиони евра раст што претставува раст од 16 отсто во споредба со истиот период лани. Расте и домашната продажба и ангажманите на „Факом“ во споредба со истиот период лани. За првите девет месеци дома „Факом“ остварил приходи од продажба во износ од 5,1 милиони евра раст. Тој резултат значи раст од 35 отсто во споредба со истиот период лани.

Оперативни расходи на компанијата изнесуваат 14,7 милиони евра. Тоа е 20 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Овој раст на трошоци го следи растот на приходите од продажба, но најважно е дека процентуално е помал од него. Најголема трошковна ставка се трошоците за суровини и материјали кои изнесуваат 7,7 милиони евра односно се над 50 отсто од сите трошоци. Трошоците за вработените изнесуваат 4,5 милиони евра. Убаво е да се види, во вакви вонредни услови на стопанисување, дека компанија има раст на приходи и дека нема потреба ниту барања за државни субвенции во делот на исплата на плати и придонеси за своите вработени.

Оперативна добивка на компанијата 329.000 евра, а  по финансиски расходи од 111.000 евра нето добивката изнесува 243.000 евра. Профитот на друштвото е 11 пати поголем во споредба со лани. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра